modnatochka.kh.ua

Корисни информации и факти за појавата на камен во бубрег

Kidney stone

Камен во бубрег е цврст, кристален, минерален материјал формиран во бубрезите или во уринарниот тракт. Камењата во бубрезите се честа причина за појава на крв во урината (хематурија) и најчесто пропратено со силна болка во стомакот или препоните.

Состојбата се нарекува нефролитијаза, а камењана било која локација во уринарниот тракт се нарекува уролитијаза.

Кој е изложен на ризик од камења во бубрезите?

Кај секого може да се појави камен во бубрег, но луѓето со одредени болести и состојби или оние кои земаат одредени лекови се повеќе подложни. Камења во уринарниот тракт се почести кај мажите отколку кај жените. Повеќето уринарни камења се јавуваат од 20 до 50 годишна возраст, а оние кои се повеќе склони кон создавање камења во бубрезите првите тегоби обично ги имаат во текот на втората или третата деценија од животот. Луѓе кои веќе имале камен во бубрегот се склони да ги создаваат и понатаму.

Во текот на последните неколку децении, процентот на луѓе со бубрежни камења се зголемува, што најверојатно е тесно поврзано со епидемијата на дебелеење.

Семејната историја на камења во бубрези е исто така фактор на ризик. Камења во бубрезите се почести кај азијатите и белците отколку кај африканците или афроамериканците.

Кои се причините за појава на камен во бубрезите?

Бубрежни камења се формираат кога постои намалување во волуменот на урината и/или вишок на супстанции во урината кои се пресудни за формирање на камен. Најчестиот вид на камен во бубрег содржи калциум во комбинација со оксалат или фосфат. Најчестите камења во бубрезите се од калциум. Хемиски соединенија кои можат да формираат камења во уринарниот тракт се  урична киселина, магнезиум амониум фосфат и цистеинска амино киселина.

Дехидратација заради намален внес на течности или напорни вежби без соодветна хидратација го зголемува ризикот од камен во бубрезите. Опструкција на протокот на урината може да доведе до формирање на камења.

Камења во бубрезите може да се јават и како резултат од инфекција на уринарниот тракт. Овие се познати како струвити или камења од инфекција.

Метаболичките нарушувања, вклучувајќи и наследни пореметувања на метаболизмот, може да го сменат составот на урината што може да доведе до зголемен ризик за развој на бубрежни камења.

Причини кои го зголемуваат ризикот

  • Гихт резултирасо хронично зголемување на уричната киселина во крвта и урината и може да доведе до формирање на камења во бубрезите
  • Хиперкалциурија (висок калциум во урината)
  • Хронични болести како што се дијабетес и висок крвен притисок
  • Луѓе со воспалителни болести на цревата
  • Оние кои биле подложени на бајпас на цревата
  • Диуретици, кои содржат калциум антациди и индинавир протеаза инхибитори (Crixivan), лек кој се користи за лекување на ХИВ инфекција.
  • Прекумерен внес на протеини од животинско потекло
  • Прекумерна консумација на шеќер
  • Прекумерен внес на суплементи на витамин Д  
  • Храна што содржиоксалат, како спанаќ

Кои се знаците и симптомите на камења во бубрезите?

Додека некои камења во бубрезите не предизвикуваат симптоми (познати како "тивки" камења), луѓето кои имаат камења во бубрезите често известуваат за ненадејна појава на ужасни грчеви и болки во долниот дел на грбот и/или отсрана, кај препоните или стомакот. Променана положбата на телото не ја намалува оваа болка. Ако постои инфекција во уринарниот тракт заедно со камен во бубрег, може да се јави и температура и треска. Понекогаш, може да се јават симптоми како што се тешкотии при мокрењето, уринарна итност, болки во пенисот или тестисите и сл. Камењата во бубрезите исто така предизвикуваат и крвава урина.

Kidney stones 1

Болката може да биде толку тешка што е често придружена со гадење и повраќање. Болката е опишана од многумина како најлошата болка во животот, дури и поболна од болката на породувањето или на скршеници на коски.

Како се дијагностицира камен во бубрег?

Во службата за итни случаи на пациентитесо симптоми кои наговестуваат камен во бубрег им се прави КТ скен. Оваа дијагностика се прави брзо и помага веднаш да се отфрлат други причини за болките. Меѓутоа, КТ скенот ги изложува пациентите на силно зрачење, па во последно време, се користи ултразвук во комбинација со обичен абдоминален ренген.

Кај бремените жени или оние кај кои треба да се избегне изложување на радијација, испитувањето со ултразвук може да помогне да се потврди дијагнозата.

Лекување иколку време е потребно за да се исфрли каменот?

Повеќето бубрежни камења со обилен внес на течности поминуваат низ уринарниот тракт во рок од 48 часа. Кеторолак (Toradol) и други анти-инфламаторни лекови се користат за болките кога не се ефективни лековите без рецепти кои може да се најдат во аптеките.Треба да се избегнува аспиринот поради зголемениот ризик од крварење. Интравенските лекови против болка може да се дадат кога се присутни гадење и повраќање.

Иако не постојат докажани домашни лекови за да се растворат камењата во бубрезите, сепак домашно лекување може да се смета за алтернативно кај пациенти кои имаат позната историја на камења во бубрезите. Домашната нега во овој случај подразбира и внесување на многу течности.

Постојат неколку фактори кои влијаат на исфрлањето на каменот. Тоа се: зголемување на простатата, бременост и големината на каменот.  На пр. камен од 4 мм има 80% шанси да се исфрли додека камен од 5 мм има 20% шанси. Камења поголеми од 9 мм до 10 мм ретко се исфрлаат без специфичен третман.

Лековите кои  се користат за исфрлање на камења од бубрезите вклучуваат блокатори на калциумовите канали, како на пр. нифедипин и алфа блокатори, како тамсулозин. Овие лекови може да се препишуваат на пациенти кои имаат камења кои не поминуваат брзо низ уринарниот тракт.

За камења во бубрезите кои не се исфрлаат сами по себе, се применува процедура наречена литотрипсија. Со оваа постапка, се користат шок бранови за да се скрши големиот камен во помали парчиња, кои потоа може да поминат низ уринарниот систем.

Кога другите методи на лекување не се ефективни се користат хируршки техники за отстранување на камења од бубрезите.

Може ли да се спречи појавата на бубрежни камења?

Може да биде особено корисно да се пие повеќе вода, бидејќи мал внес на течности и дехидрација се главните фактори на ризик за формирање на камен во бубрезите.

Rastvoranje na kamen vo bubreg

Во зависност од причината за појава на камења во бубрезите и медицинската историја на поединецот се препорачуваат промени во начинот на исхраната.

Луѓето кои имаат тенденција да создаваат калциум оксалатни камења во бубрезите може да се советуваат да ја ограничатисхраната богата со оксалати, како што се спанаќ,, блитва, репка, пченица и кикирики.

Пиење сок од лимон или лимонада, можат да помогнат за спречување на појава на камен во бубрег.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg