modnatochka.kh.ua

Остеопенија е заболување kога имате слаби коски, но не е остеопороза

Osteopenia vs Osteoporoza

Како што наведуваат имињата, остеопенијата и остеопорозата се слични и поврзани заболувања. И двете претставуваат различни степени на губење на коскената маса, што се мери со коскената минерална густина, маркер кој покажува колку е силна коската и колкав е ризикот за кршење.

Мерење на коскената минерална густина

Главниот начин да се утврди коскената густина е да се направи безболен, неинвазивен тест со кој го мери минералниот состав на коските. Отчитувањата од тестот познати како T-резултати, утврдуваат во која категорија е лицето - остеопенија, остеопороза или во нормална.

Ризикот од фрактури се зголемува во зависност од намалувањето на коскената минерална густина.

Иако навидум не постои голема разлика помеѓу резултатите Т -2.3 -и Т-2.5, првиот ќе биде означен како остеопенија, а вториот како остеопороза. Без оглед на тоа каков е резултатот, ако спаѓате во категоријата на остеопенија докторот најверојатно ќе ви препорача испитување на коскената минерална густина на секои две до пет години.

Што значат резултатите?

Т-резултатот кој се движи од -1 до -2.5 се класифицира како остеопенија. Колку повеќе се намалува резултатот, толку повеќе се порозни коските.

Нормално; Остеопенија -1; Остеопороза -2.5

Превенција за остеопенија

Со стареењето коските стануваат се послаби но, одредени навики го забрзуваат овој процес. Тие вклучуваат:

  • Недоволен внес на калциум и витамин Д
  • Пушење
  • Пиење премногу алкохол
  • Користење на одредени лекови, како што се кортикостероиди и антиконвулзиви
  • Недоволно вежбање и физички активности како трчање и пешачење (најмалку 30 минути неколку пати во неделата)

Доколку нозете ја допираат подлогата за време на вежбањето тоа се корисни вежби за коските. Пливањето и возењето велосипед не се.

Жените имаат далеку поголеми шанси за намалена густина на коските за разлика од мажите, но на тоа веќе не се смета како правило. Околу една третина од белата раса и азијските мажи над 50-годишна возраст се засегнати од оваа состојба.

Треба ли да направите тест за коскената минерална густина?

Експертите не се согласуваат околу тоа кој треба да ја проверува коскената минерална густина, бидејќи не е јасно дали придобивките ги оправдуваат трошоците. Но дефинитивно сите се согласни за следното: жени на возраст помеѓу 50 и 60 години треба да направат тест за да се спречи фрактура на 'рбет или колк во период од пет години. Од општествена гледна точка, тоа е исплативо.

Osteopenia

Во моментов, се препорачува тестирање за:

  • Жени над 65 години
  • Жени во постменопауза помлади од 65 години, кои имаат еден или повеќе фактори на ризик
  • Жени во постменопауза кои имале фрактура

За мажите, тестирање се прави од случај до случај.

Третирање на остеопенија

Остеопенијата може да се третира со вежбање и исхрана или со лекови. Меѓутоа, некои од лекарите се претпазливи за препишување лекови кај пациенти со остеопенија бидејќи истражувањата покажале дека лековите не може во доволна мера да го намалат ризикот од фрактура.

Воедно, не се знае дали лековите може да имаат некои долгорочни несакани ефекти.

Заклучок:

Здравиот живот и вежбањето се најдобар начин на превенција од ова заболување.

Доколку вашиот Т-резултат е поблиску до -1, подобро е да вежбате и да внесувате калциум и витамин Д. Ако сте поблиску до -2.5, веројатно ќе ви бидат препишани лекарства за превенција од остеопороза.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg