modnatochka.kh.ua

Хемороиди: Кои се причините и како се третираат

Hemorrhoids

Се смета дека околу 75 проценти од возрасните луѓе во Европа и Северна Америка се соочуваат соовој проблем во одреден момент од животот. Сепак, во само околу 4% од случаи има потреба од професионален медицински третман.

Хемороидите може да бидат исклучително непријатни и болни, но тие лесно може да се лекуваат или пак во голема мера да се спречат.

Хемороидите се најчести кај возрасните на возраст од 45-65 години. Ова не значи, дека младите луѓе и децата не може да се соочат со овој проблем. Хемороидите се многу почести кај мажите отколку кај жените. Кај жените тие се честа појава во бременоста.

Хемороидите се почести кај мажите отколку жените, а ризикот од нивна појава се зголемува со возраста.

Причини за појава на хемороиди

Пациентот има хемороиди кога вените околу анусот или ректумот се прошируваат (зголемуваат) и се исполнуваат со крв. Ова може да настане поради следниве причини:

  • Бременост
  • Стареење
  • Хроничната дијареа
  • Хроничен запек
  • Долго и постојано седење 
  • Анален секс
  • Дебелина
  • Генетика - некои луѓе наследно имаат тенденција да развијат хемороиди

Хемороиди може да се создадат во и вон внатрешноста на анусот.

Кои се симптомите?

  • Крварење кое вообичаено е безболно. Пациентот може да се забележи црвени дамки на тоалетната хартија или во ВЦ шољата
  • Чешање или иритација во аналната регија
  • Непријатност и болка во аналната регија
  • Грутки (израстоци) кои излегуваат од аналниот отвор
  • Оток во аналната регија
  • Грутка во близина на анусот што понекогаш може да биде чувствителна
  • Измет без да сакате тоа да се случи

Внатрешните хемороиди се лоцирани во внатрешноста на ректумот и обично се безболни; пациентот не е свесен за нив бидејќи тие обично не предизвикуваат никаква непријатност. Сепак, тие може да предизвикаат безболно, но сериозно ректално крварење.

Понекогаш луѓето не забележуваат дека имаат внатрешни хемороиди се додека не забележат дамки од крв во столицата или крв на тоалетна хартија.

Напрегањето при одење по голема нужда може да предизвика крварење. Понекогаш внатрешните хемороиди може да излезат низ анусот, што се нарекува пролапс и ова може да биде многу болно.

Кога пациентот има надворешни хемороиди, тие се лоцирани под кожата околу анусот. Тие можат да се иритираат и може да крварат. Понекогаш, крвта може да се акумулира и да формира (згрутчување) кое може да се воспали и тоа е најчесто болно.

Дали и кога да се оди на лекар?

Секое лице со горе наведените симптоми треба да се јави на лекар. Имајте на ум дека ректалното крварење може да биде предизвикано и од други нешта, вклучувајќи колоректален или анален рак. Би можело да се направи голема грешка ако се претпостави дека аналното крварење е резултат само на хемороиди и поради тоа да одлучите да не одите на лекар.

hemorrhoids diagram

Лекарот ќе изврши физички преглед, но по потреба може да препорача да се направат и други тестови за да се утврди дали имате или немате хемороиди.

Ако симптомите се проследени со значителни промени во цревата, ако столиците се со многу темна дури и црна боја, ако има згрутчување на крвта или крв измешана со столицата, важно е веднаш да се оди на лекар.

Ако симптомите вклучуваат големи количини на крварење, вртоглавица и чувство на несвестица, лицето исто така треба веднаш да побара итна медицинска помош.

Третмани за хемороиди

Во поголемиот дел од случаите симптомите ќе се ублажат со едноставни мерки. Сепак, понекогаш може да бидат потребни лекови, па дури и операција.

Лекови

Повеќето лекови за хемороиди се издаваат без рецепт и вклучуваат масти или супозитории. Активните состојки како хидрокортизон ослободуваат од чешање и болка. Овие лекови не треба да се користат повеќе од 7 дена (освен ако докторот не препорача поинаку).

Мал хирушки зафат - едноставен рез

Лекарот може да направи едноставна инцизија (рез) доколку тромбот е формиран околу надворешниот хемороид. Овие засеци се обично ефикасни.

Операција на хемороиди

Операција се препорачува ако кај пациентот нема успех со едноставните процедури, или ако хемороидите се многу големи.

Во некои случаи, пациентот може да си оди дома веднаш по постапката, а кај други, може да има потреба од хоспитализација.

Операцијата може да вклучува хемороидектомија (целосно отстранување на хемороидите) или соединување, каде што дел од цревото се соединува за да се намалат шансите за пролапс.

Лекување на хемороиди во домашни услови

Плакнење на погодената област – плакнете се со млака вода. Не користете сапун. Исушете ја регијата нежно со фен за коса после секое капење.

Употреба на мраз и студени облоги - примена на студени облоги во погодената област може да помогне со отоците.

Сувата тоалетна хартија може само да ја влоши состојбата.

Употребата на некои лекови против болки (аналгетици), аспирин, ибупрофен и ацетаминофен  може да ја ублажат болката и чувството на непријатност.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg