modnatochka.kh.ua

Што е херпес зостер и кои се симптомите

herpes zoster

Варичела-зостер вирусот кој честопати со децении останува прикриен во ганглиите на дорзалните корени во форма на варичела (овчи сипаници), може да се реактивира и тоа резултира со херпес зостер.

И покрај што најчесто тоа е само еден ограничен дермален осип со болка, херпес зостер може да биде и многу посериозно заболување. Некои акутни случаи често водат до пост-херпесна невралгија.

Знаци и симптоми

Клиничките манифестации на херпес зостер може да се поделат на 3 фази:

  • Пре-еруптивна фаза (пре-херпесна невралгија)
  • Акутна еруптивна фаза
  • Хронична фаза

Пре-еруптивната фаза се карактеризира со следното:

Сензитивни појави со по 1 или повеќе кожни дерматоми, во траење од 1-10 дена (просечно 48 часа)

Појавите обично се во форма на болка или поретко во вид на чешање. Болката може да се манифестира така да наликува на главоболка, иритис, плевритис, бронхијален невритис, срцева болка, воспаление на слепо цревоишијас или друга интра-абдоминална болест.

Други симптоми се: слабост, болки во мускулите, главоболка, фотофобија и во поретки случаи треска.

Акутната еруптивна фаза се карактеризира со следново:

  • Рапав еритем, понекогаш придружен со тврдо здебелување во регијата која е зафатена
  • Регионална лимфоденопатија - или во оваа фаза или подоцна
  • Групирани херпесоидни везикули - развој на еритематозна база (класичен наод)
  • Кожни наоди

Компликации: Везикулите (раничките) се првично јасни, но потоа се обликуваат во вид на облак и еруптираат (пукаат), а на крајот добиваат кора на површината.

Везикуларните компликации доведуваат до бавно заздравување на еритематозните красти, но тоа е обично без видливи последици.

Лузни може да настанат ако е оштетен подлабокиот кожен епидермален слој заради секундарна инфекција или други компликации.

Речиси сите возрасни се соочуваат со силна болка. Забележани се случаи со силна болка, а без везикуларна ерупција. Симптомите вообичаено исчезнуваат во рок од 10-15 дена. Целосно излекување на лезиите може да трае до еден месец, па и повеќе.

Пост херпесната невралгија се карактеризира со следното:

Постојани или периодични болки кои траат 30 дена или повеќе по акутната инфекција или по исчезнувањето на сите лезии-корички (9-45% од случаите). Болката обично е ограничена на регијата која е дерматолошки зафатена и може да биде силна и онеспособувачка.

Болката може да трае со недели, месеци или години, а бавното исчезнување на болката е особено честа појава кај постарите лица.

Пост херпесна невралгијае почеста појавапо случаите на херпес зостер офталмикуси во случај на зафатеност на горниот дел од телото.

herpes zoster oftalmikus

Заеднички карактеристики на херпес зостер офталмикус се следните:

  • Класични симптоми и лезии на херпес зостер
  • Офталмолошки манифестации, вклучувајќи коњуктивитис, склеритис, еписклеритис, кератитис, иридоциклитис, глауком, ретинитис, оптички невритис, атрофија на оптичкиот нерв, ретробулбарен невритис, егзофталмус и др.

Други форми на херпес зостер се следните:

  • Херпес зостер на максиларната гранка на кранијалните нерви
  • Херпес зостер на мандибуларните гранка
  • Херпес зостер отикус (Ремзи Лов синдром)
  • Глософарингеален и вагален херпес зостер
  • Херпес на 'рбетните нерви
  • Херпес зостер енцефаломиелит
  • Дисеминиран херпес зостер
  • Херпес зостер со повеќе дерматоми
  • Повторлив херпес зостер
  • Херпес зостер кои го зафаќа мочниот меур, бронхиите, плеврални места или гастроинтестиналниот тракт
  • Херпес зостер со моторни компликации

Дијагноза и терапија

Дијагнозата на херпес зостер се поставува првенствено врз основа на анамнезата и физичкиот наод. Во повеќето случаи нема корист од лабораториски испитувања за да се потврди дијагнозата. На одредени групи пациенти, особено кај имунокомпромитирани пациенти, презентацијата на херпес зостер може да биде атипична и може да бара дополнителни испитувања.

Обично,појавата на херпес зостер е само-ограничена и исчезнува без интервенција; Симптомите се поблаги кај децата отколку кај возрасните.

Конзервативната терапија вклучува анти-инфламаторни лекови без стероиди и влажни завои со 5% алуминиум ацетат.

 

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg