modnatochka.kh.ua

Здравствен хороскоп

 

 

   НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ЗДРАВЈЕ И ПСИХОФИЗИЧКА БЛАГОСОСТОЈБА

              25-ти Јули  31-ви Јули

Овен  21.3. - 20.4.

Оваа состојба ветува дека сега ќе биде идеален период за вас од многу аспекти. Вие целосно ќе заборавите за вашата исхрана и вежбањето доколку сте во очекување на некаква љубовна средба. Но, не заборавајте дека здравата исхрана и вежбањето помагаат да се чувствувате добро и одвнатре и однадвор. Покривањето на вашите мани или обидот да ги маскирате здравствените недостатокоци нема да биде добро за вас.

Бик  21.4. - 21.5.

Влијанието на планетите ќе ве охрабрува да подготвувате егзотични јадења и гурмански деликатеси токму сега. Колку повеќе фантазијата минува преку вашето непце, толку посреќни ќе бидете. Остригите и аспарагусот може убаво да се комбинираат за да направат храна која поседува посебни афродизијачки квалитети. Затоа, насочете ја мислата на вашата исхрана дури и во моментите кога страста е на многу високо ниво!

 Близнаци  22.5. - 21.6.

Ќе треба да бидете во општа добра состојба доколку повремено сакате да уживате во удобства и расипништво. Вратете се во топ форма со правилна исхрана, вежбање и внесување суплементи и додатоци. Најважно од се е да креирате план за јадење кој ќе ви помогне да ја намалите тежината додека сепак уживате во храната при неколкуте специјални пригоди. Само напред!

Рак  22.6. - 22.7.

  

Фокусот кон вашиот партнер ви нуди големи очекувања во овој период. Вашето здравје е одлично, но можна е чувствителност на одредена храна или хемикалии. Бидете сигурни дека она што го јадете нема кај вас да предизвика проблеми или некакви дигестивни пореметувања. Инаку, олабавете се и уживајте! Добрата книга може да ви биде вистинска инспирација во текот на следните денови.

Лав  23.7. - 23.8.

И покрај тоа што сте романтичен знак, може да се почувствувате премногу зафатени или пренатрупани со љубов. Сепак, постои надеж и решение. Внесувајте многу протеини, свеж зеленчук и овошје и дајте му на вашиот организам шанса да ја дополни силата. Нема да биде лоша идеја да почнете да вежбате два до три пати во неделата за да ги тонирате вашите мускули. Колку подобро се чувствувате физички, толку повеќе ќе се забавувате со партнерот.

Девица  24.8. - 23.9.

Во овој период самите ќе си наметнете многу вежбање. Забавата и игрите чекаат на вас. Зграпчете го моментот, искористете ја вашата фантазија и направете вежбањето да ви биде пријатно и да ви претставува едно прекрасно поминато време. Изнајдете си некоја вежба која ќе ве натера да одите во сала, а не само да се препотувате со некаква вообичаена здодевна рутина. На тој начин ќе имате едно преубаво и корисно потрошено време.

 Вага  24.9. - 23.10.

Ова е време кога ви препорачуваме да уживате во домашно зготвено јадење. На тој начин не само што ќе ви биде поевтина и поцелосна исхраната, туку исто така тоа е најдобар начин да се осигурате дека ќе го контролирате внесот на калории, масти, шеќери и адитиви. Сепак, планетите ќе ви простат ако малку и заобиколите. Секој заслужува мали задоволства одвреме навреме. Ако каснете некој вкусен десерт, барем уживајте во тоа!

Скорпија  24.9. - 23.10.

Ова може да биде идеално време за да му подарите на вашиот партнер/ка некаква нова машина за вежбање која ќе помогне заедно да се одржите во форма и да бидете спремни за секакви предизвици. Подобро е да го направите тоа отколку да и/му подарите кутии домашни чоколади или да излезете некаде во ресторан на високо-калорични оброци. Ако вашиот партнер инсистира на задоволства во исхраната, подоцна ќе можете заедно да се ослободите од калориите!

Стрелец  23.11. - 21.12.

Крајот на оваа недела е совршено време да се посветите на некој нов план за исхрана, рутинско вежбање или спа третман. Имате дво-неделен прозорец на можности, но колку порано започнете, толку подобро ќе биде за вас. Исто така, ќе биде поголема веројатноста да се придржувате до зацртаното. По се изгледа дека ќе ви биде многу забавно. Вратете се во посакуваната форма и импресионирајте го/ја вашиот/та сакан/а.

Jарец  21.12. - 21.1.

Ова е добар период за позитивно, продуктивно дејствување кое ќе ве исфрли на следното ниво на добро здравје. Ако работите не се одвиваат според планот, превземајте чекори за да бидете сигурни дека ова ќе даде резултат. Одлучете се да ја прифатите одговорноста за вашето здравје. Планирајте точно и детално како би сакале да изгледате и да се чувствувате еден месец од сега, шест месеци од сега и една година од сега. Познавањето на вашата дестинација е клучот за успехот.

Водолија  21.1. - 19.2.

Во овие моменти е можно да се почувствувате малку истоштено или болникаво, но ќе бидете во ред се додека внесувате вистинска храна која ви дава сила. Брзата храна не е добра идеја токму сега, бидејќи може да ве остави со чувство на уште поголема слабост. Аспектите во вашата социјална зона укажуваат на тоа дека е добро време да се дружите со други со цел да се приклучите на некоја програма за слабеење.

Риби  20.2. - 20.3

12

Ова ќе биде исклучително активен период во кој би можеле да бидете особено зафатени. Обидете се да одделите малку време за себе, па така ќе имате доволно енергија за сè што ќе треба да направите. Тука треба да има вклучено и забава. Нема ништо попримамливо од љубовник со здраво тело и блескава кожа. Постигнете го тоа и бидете подготвени за акција. Свежото овошје, зеленчукот и водата ќе ви помогнат да се чувствувате одлично.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1