modnatochka.kh.ua

Некои од причините зошто мажите спијат подобро од жените

Insomnia woman

Дали повеќето од жените имаат нарушен сон за разлика од мажите и ако е тоа вистина, зошто е тоа така? Некои истражувања укажуваат дека полот има влијание врз тоа колку добро и квалитетно се спие.

Се смета дека несоницата е двапати почеста кај жените одколку кај мажите

Лицата со несоница лежат будни во текот на ноќта, не можејќи да заспијат, а доколкузаспијат, постои можност да се разбудат и многу често имаат потешкотии повторно да заспијат. Доколку сепак заспијат, понекогаш може да се разбудат премногу рано наутро и потоа се чувствуваат како да не спиеле воопшто.

Недоволното спиење е поврзано со голем број здравствени проблеми, вклучувајќи и дијабетес, срцеви заболувања, дебелина, депресија и други ментални здравствени проблеми. Несоницата е исто така одговорна за голем број на несреќи на патиштата, но и на работното место.

Квалитетното спиење се смета за "витален знак на добро здравје."

Дали механизмите за спиење кај жените се разликуваат од оние кај мажите?

Универзитетот за здравствена заштита во Монтреал, Канада, во некои претходни студии утврди дека менструалниот циклус на жената влијае на природниот ритам на температурата на телото, а со тоа и на спиењето.

Сега, тие се обидоа да споредат како часовникот на телото влијае на будноста и спиењето кај мажите и кај жените.

Студијата е спроведена на 15 мажи и 11 жени.

Жените биле следени во двете фази на менструалниот циклус, и биле земени предвид потенцијалните ефекти на циклусот како и сите хормонски контрацептивни средства.

Набљудувањата се изведуваниво повеќе од 36 циклуси, во која после 60-минутни будни епизоди имало 60-минутни "можности за дремка."

Направени се мерења на температурата на телото, мелатонинот во плунката, будноста и спиењето.

Резултатите покажале дека жените се подготвени за спиење во една подоцнежна фаза од секој циклус за разлика од мажите. Ова, според авторите на студијата, би можело да биде една од причините зошто жените имаат поголема веројатност да се соочат со проблеми во спиењето.

Кај учесниците немало појава на било какви проблеми со спиењето за време на студијата, но резултатите од истражувањето укажуваат на причината зошто жените имаат тенденција да се разбудат наутро порано од мажите и зошто тие се чувствуваат поспани во утринските часови.

Man sleeping

Исто така е утврдено дека жените имале потешкотии за будност во текот на ноќта за разлика од мажите, што укажува на тоа дека ноќните смени се поприлагодени за мажите отколку за жените.

Со ова се потврдуваат наодите на една друга студија, која го истражувала ефектот на деноноќниот ритам на менталните функции кај мажите и жените. Утврдено е дека жените во споредба со мажите имаат поголема веројатност да се соочат со нарушување на когнитивните перформанси во текот на ноќта.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg