modnatochka.kh.ua

Дали сте привлечни? Ова може да зависи од тоа со кого сте !

attractiveness

Никогаш немојте да судите за книгата по корицата ", вели една поговорка. Сепак, кога станува збор за привлечноста, се чини дека ние оценуваме само една книга. Едно ново истражување открива дека привлечноста на едно лице може да зависи од привлечноста на придружбата што ја има.

Одделот за психологија на Ројал Холовеј Универзитетот во Лондон, Велика Британија, ги објави своите наоди во списанието Psychological Science.

Досега општо прифатена идеја била дека привлечноста на една личност е постојана. Доколку гледате слика на Џорџ Клуни денес, ќе го оцените како привлечен и со добар изглед, а истото ќе го забележите и во иднина.

Меѓутоа, новата студија е вистински предизвик за ова широко распространето верување, при што укажува дека привлечноста за некого може да се менува во зависност од привлечноста на другите луѓе кои се во нивното најблиско опкружување.

Овие откритија се базирани на бројни истражувања при што на учесници им е поставена задача да разгледаат голем број слики на луѓе и да ја оценат привлечноста на секоја од нив.

Следно, на испитаниците им се претставени истите лица, но сега поставени заедно до слики од лица кои претходно биле оценети како помалку привлечни (слики кои треба да го одвлечат вниманието).

Додавањето на овие слики на помалку привлечни лица придонело учесниците да ги оценуваат истите слики како попривлечни отколку при првото оценување.

Присуството на "непривлечни" лица ги потенцира "привлечните" лица

На учесниците им биле презентирани фотографии на две привлечни лица заедно со едно непривлечно лице (за да го одвлече вниманието), пред да биде побарано од нив да изберат кои лица на сликите се најатрактивни.

Присуството на помалку привлечни лица не само штоја зголемиле привлечноста на една личност, туку во одредена група всушност може да направат некого уште попривлечен, се истакнува во истражувањето.

Присуството на непривлечнен лик ја прави разликата со атрактивните луѓе уште поголема и повеќе од очигледна, а овие големи разлики се особено важни при оценувањето.

Во суштина, наодите укажуваат на тоа дека ако некое лице е во придружба на пријатели кои генерално се сметаат за попривлечни, може да се очекува дека тоа лице ќе изгледа помалку привлечно.

Privlecna megju grdi

Со оглед на сето ова можеби и не е толку чудно што најчесто не оценуваат во однос на оние околу нас. Ова многу често може да се забележи во тинејџерските филмови и романтичните комедии, каде што еден лик се дружи со помалку атрактивен пријател/ка за да си ги зголеми шансите за врска со посакуваниот партнер/ка.

Дали ова ни одговара или не, заклучокот е дека тоа со кого сме има големо влијание врз начинот на кој другите не гледаат. Живееме во општества опседнати со убавина и привлечност, па секако дека се потребни многу повеќе истражувања во годините што доаѓаат бидејќи ова е една исклучително комплицирана област на човековата интеракција.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg