modnatochka.kh.ua

Почисти и побезбедни лекови со помош на „искривена светлина“ и нанотехнологија

twisted-light

Во новата студија, каде што се користат нано структури за да се „искриви“ светлината и уникатно да се поврзат со материјата, научниците покажуваат дека може да се направи разлика помеѓу леви и десни верзии на една иста молекула. Таков механизам на сензори би можел да помогне да се обезбеди поголема чистота и безбедност на лековите.

Д-р Венцислав Валев и професорот Џереми Баумберг од Кевендиш лабораторијата при Универзитетот во Кембриџ - Велика Британија со колегите од истражувачките центри во Белгија и Италија, дизајнираа механизам на сензори со користење на моќни ласери во комбинација со нано-моделирана златна површина.

Тие ја претставија својата работа во списанието „Напредни Материјали“.

„Заедно, овие технологии може да помогнатновите лекови во иднина да бидат безбедни и чисти“, вели Д-р Валев.

Кај некои форми, сликата во огледалото е симетрична – а, ако ги измешате заедно, нема да можете да направите разлика помеѓу структурата и нејзиниот „близнак“ во огледалото.  Но, со некои други форми, како на пример нашите раце, лево е поставена сликата  во огледалото која всушност е нашата десна страна, и тоа не се поклопува - десната рака не се вклопува во лева ракавица.

Во хемијата, овој случај со раката се нарекува „несовпаѓање“ (концепт на асиметрична молекула). Асиметричноста на молекулата влијае на релациите со околината, па така различните форми на асиметричност на иста молекула може да имаат сосема различни ефекти.

Асиметричноста е важна во развојниот процес на лековите, бидејќи е можно само  десната или само левата верзија да биде таа која го има посакуваниот ефект.

Веројатно најпознатиот пример на асиметричност каде што се нагласени несаканите ефекти е thalidomide, лек кој се препишувал на бремени жени во 1950-тите и 1960-тите.

Една асиметрична форма на Thalidomide е ефикасна во лекувањето на утринската мачнина во почетокот на бременоста, но другата форма го попречува здравиот раст на фетусот. Но, лекот кој пациентите го добивале ги содржел и двете форми, па така над 10.000 деца низ целиот свет биле родени со недостатоци како на пр. кратки екстремитети и други дефекти.

Заради ова, идентификацијата на точната асиметрична форма на лекот може да биде од пресудно значење. Специфичните форми се врзуваат за специфичните клеточни рецептори, па така точната асиметрична верзија ја одредува чистота и ефективноста на финалниот производ. Но, проблем претставува кога лекот се синтетизира, бидејќи  тогаш асиметричните форми се прават во еднакви количества .

Ласери , златни наноструктури и извртена светлина за да се избере асиметричноста на молекулата

Nanotechnology-Panacea-or-Pandoras-box-

Употребата на зраци со поларизирана светлина е еден од начините со кој хемичарите можат да  откријат различни асиметрични форми на молекули. Различните асиметрични форми на иста молекула ја искривуваат светлината на различни начини – што резултира со „асиметрични оптички ефекти.“ Сепак, овие ефекти се обично многу слаби.

Но, со помош на моќни ласери , научниците можат да произведат втора хармонична генерација асиметрични оптички ефекти (SHG), кои се обично три пати посилни по својата магнитуда.  Од неодамна научниците исто така откриле  супер - извртена форма на светлина која се нарекува „супер асиметрична светлина“,  која ги зголемува различните асиметрични оптички ефекти што произлегуваат од левите и десните асиметрични верзии на молекулите.

Д-р Валев и неговите колеги направија уште еден чекор напред кон целта за уште посилни асиметрични оптички ефекти така што открија директна врска помеѓу основната равенка за супер асиметрична светлина и SHG - комбинација за која тие веруваат дека може да доведе до рекордни резултати, а што ќе резултира со многу висока чувствителност за мерење на асиметричната чистота на лековите.

Тие, исто така дополнително ја зајакнале чувствителноста со помош на тенки златни структури - познати како плазмонични наноструктури – при што светлината се фокусира на одредени точки на површините, каде што супер асиметричната светлина и SHG ги комбинираат своите ефекти.

light vortex

Во својот извештај за студијата, тие изложуваат четири различни стратегии кои се користат за да се постигнат огромни асиметрични оптички ефекти кај асиметричните наноструктури.

Тие, воедно презентирале и два примери на она што тие го опишуваат како  „асиметрични  прекинувачи“.

Д-р Валев вели: „Со употребата на наноструктури, ласери и овие уникатни својства на искривена светлина, ние селективно може да ги отстраниме несаканите форми на молекулата, додека  посакуваната форма ќе остане недопрена“.

Напишано од  Д-р Мед. Кетрин Падок

Превземено од Medical News Today

Коментари  

0 # Berry 2018-09-11 16:49
Every weekend i used to pay a visit this web page, for the reason that i wish for
enjoyment, since this this web site conations actually pleasant funny data too.


Here is my webpage Сialis: https://costofcial.com
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg