modnatochka.kh.ua

АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност)

ADHD.healthinfo

Деца со АДХД (синдром на недостаток на внимание и хиперактивност) имаат потреба од подобар третман за оваа состојба, се заклучува со најновата студија која се однесува на мали деца од 2 до 5 годишна возраст.

Истражувањето открива дека во периодот меѓу 2008 и 2014 година, само околу половина од децата кои виле опфатени со студијата добиле психијатриски услуги за оваа своја состојба во што била вклучена бихевиорална терапија (терапија на однесување). Спротивно на тоа, 75 проценти од децата примале лекарства за АДХД. Иако лекарствата во некои од случаите би можеле да им помогнат на децата со АДХД, воедно тие може да имаат и несакани ефекти, вклучувајќи проблеми со апетитот, проблеми со спиењето и забавен раст, се вели во извештајот.

Светската Здравствена Организација ги повикува лекарите што почесто да предлагаат бихевиорална терапија за децата со АДХД, бидејќи се покажа дека бихевиоралната терапија помага за општо подобрување на симптомите кај малите деца со АДХД и може да биде ефикасна исто како и лекарствата, но без несакани ефекти.

Во 2011 година Американската академија за педијатрија издаде упатства со кои се препорачува терапија на однесување (бихевиорална терапија) како прва линија за третирање на деца со АДХД. Но, и покрај оваа препорака процентот на деца кои добиваат психијатриски услуги за АДХД не се зголемува во последниве години. Всушност, тој процент незначително се намалува, се вели во новиот извештај.

Со примена на бихевиоралната терапија, терапевтот ги обучува родителите на родителски вештини кои може да го подобрат однесувањето на нивните деца. Овие родители учат стратегии за поттикнување на позитивно однесување, при што ги обесхрабруваат децата за било какво несакано однесување и влијаат на подобрување на комуникацијата со своите деца. Овој вид на терапија бара повеќе време, напор и ресурси отколку третирањето со лекови, но сите студии покажуваат дека ефектите се подолготрајни од оние кога се применуваат лекарства.

Training group.healthinfo

Иако лековите за деца со АДХД би можеле да бидат соодветно решение во некои случаи, важно е лекарите да разговараат со родителите за можноста на спроведување бихевиорална терапија, како прв чекор во третирањето на детето.

Не се лесни одлуките околу третманот кој треба да да се спроведе во координација со родителите. Сепак со сигурност се знае дека бихевиоралната терапија е ефикасна, а родителите ќе научат вештини со кои може да му помогнат на детето и на целото семејство.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg