modnatochka.kh.ua

Откриени шокантни факти за сончањето - заблуди за заштита на кожата од сонцето

sun.healthinfo

Сонцето дава светлина, топлина, енергија и здравјебез сонце нема живот!

Уште пред шест илјади години, здравствените работници ги познаваа предностите на сонцето и сончевата енергија. Од времето на фараонот Рамзес во Египет (Ра – бог на сонцето), здравствените придобивки на сончевата светлина биле општо познати и прифатени.

Александар Македонски се слави како ослободител на Египет и официјално бил признат како фараон. Во Луксор тој е прогласен како син на Ра, "син на богот-сонце".

Хелиотерапијата (хелиос – богот на сонцето) е откриена од страна на Херодот, применувана од Хипократ и од египедските и римските лекари.

Филострат тврди дека сите олимпијски спортисти во античко време се сончале. Римските писатели Гален, Цицерон, Плиние и Целсус зборуваат за користење на солариуми. Плиние го опишува сонцето како најважен дел од третманот на секоја болест и е добро познат по неговата забелешка: Sol est remediorum maksimum" - сонцето е најдобриот лек.

Во Стариот Рим, сонцето се користело како лек за епилепсија, парализа, астма, жолтица, рак на мочниот меур, дебелото црево и дебелина. Од 1700 година сончевата светлина се користи за ублажување на скорбут и рахитис, а сто години подоцна сонцето се користи за лекување на бактериски инфекции вклучувајќи антраксколера и дизентерија. Во годините 1903 и 1905, терапевтите Финсени и Кох ја добија Нобеловата награда за терапија со ултравиолетова светлина во третирање на туберкулозата! Но тука е и фактот дека многу земји го имаат сонцето како свој симбол  на знамињата, а меѓу нив е и Македонија.

Egypt.healthinfo

Сонцето е извор на живот и енергија. Кога станува збор за флората, сонцето учествува во процесот на фотосинтеза. Сончевите ултравиолетови зраци го стимулираат производството на меланин.

Секој ден можете да се сончате и тоа е сосема безбедно, доколку следите неколку едноставни правила. Првото и основно правило се однесува на принципот на прогресивност – постепено сончање, додека кожата не стане добро пигментирана. Поголем дел од луѓето самите создаваат доволно Витамин Д за само 10-20 минути изложеност на сонце во зависност од бојата на нивната кожа. На почеток, изложеноста на сончевите зраци треба да биде кратка. Првите неколку дена, изложеноста на сонце треба да се ограничи на максимум 20 минути. Примарна цел е никогаш да не се дозволи кожата да изгори. Во првиот период за заштита на кожата може да се користат природни хидратантни креми, масло од малини или органско кокосово масло. По изложувањето на сонце, треба да се внимава со туширањето. Витаминот Д3 кој се формира на површината на кожата, не може веднаш да се ресорбира! Последните испитувања покажуваат дека ресорпцијата трае и до 48 часа. Одложете го миењето на телото со сапун за околу два дена (сапун користете само на пазувите и препоните). Сончањето во утринските и попладневните часови, онака како што препорачуват дерматолозите, нема да ни донесе доволни количини на корисни УВБ зраци, туку ќе направи да бидеме изложени само на штетното УВА зрачење. За да создаде иста количина Витамин Д како и лицата со бела кожа, на популацијата со темна кожа и треба 20-30 пати повеќе сончање.

Сончање во зависност од типот на кожата

Тип на кожа 1

Кожа: многу светла и бледа, често со пеги. Коса: црвенкасто руса

Реакција на сончање: изгореници, кожата не темни. Време на сончање: (висок УВ индекс) 10 минути (на почеток не подолго од 2 до 3 минути).

Тип на кожа 2                                                                                                  

Кожа: светла, со тенденција за пеги. Коса: руса до кафена.

Реакција на сончање: изгореници, кожата не темни. Време на сончање: (висок УВ индекс) до 15 минути (на почеток не подолго од 3 до 5 минути).

Тип на кожа 3  

Кожа: малку затемнета. Коса: темно руса, кафена.

Реакција на сончање: изгореници, кожата добро темни. Време на сончање: (висок УВ индекс) до 20 минути (на почеток не подолго од 5 минути).

Тип на кожа 4

Кожа: светло кафена до кафена. Коса: темно кафена до црна.

Реакција на сончање: малку изгореници, кожата силно темни. Време на сончање: (висок УВ индекс) 30 минути (на почеток не подолго од 5 до 10 минути).

Сонцето емитува широк спектар на електромагнетни зрачења

Ултравиолетовото (УВ) зрачење може да биде опасно бидејќи не го чувствуваме директно, но последиците од неговото дејство ги гледаме на кожата. Во зависност од брановата должина и од дејството врз ткивото, ултравиолетовото зрачење се дели на три под-типови:

  • УВЦ - зраци со кратка бранова должина и најголема енергија. Овие зраци речиси целосно се апсорбираат од озонската обвивка на атмосферата и не допират до кожата.
  • УВБ - зраци со средна бранова должина, кои делумно се дисперзираат и апсорбираат во атмосферата. На повисоки надморски височини изложеноста на УВБ зраците е поинтензивна и кожата побрзо потемнува. УВБ зраците се лековити зраци на сонцето, од кои во кожата се создава Витаминот Д. Овие зраци не можат да поминат преку стакло.
  • УВА - зраци со поголема бранова должина и помалку енергија од УВБ зраците, поминуваат низ атмосферата и можат да навлезат подлабоко во кожата и да предизвикаат длабоко кожно оштетување. Тоа може да доведе до губење или намалување на производството на еластин и колаген. Ова резултира со појавата на брчки и флеки на кожата. Во прекумерни дози овие зраци имаат канцероген ефект поради оштетување на ДНК молекулите, како што се кислородните радикали и хидроксилот.

beach.umbrellas

УВА зрачењето претставува 95-97 % од целото УВ зрачење кое достигнува до површината на земјата.

Сончевите зраци се состојат од околу 1.500 бранови должини, но телото може да произведува Витамин Д само од УВБ зраците. Поради физичките закони, УВБ зраците можат да навлезат во атмосферата само кога е сонцето под агол од повеќеод 50°на хоризонтот. Кога сонцето е под агол помал од 50°, озонската обвивка ги рефлектира УВБ зраците, но ги пропушта штетните УВА зраци. Од здравствен аспект нема никаков смисол за сончање, кога е сонцето е под агол помал од 50°над хоризонтот. За да се зголеми биосинтезата на Витамин Д и да се намали ризикот од оштетување на кожата, најдобриот и најсигурниот начин е сончањето на пладне.

Шокантнотоново откритие вели дека најдобар период за сончање во текот на денот е од 10–15 часот преку ден, кога сонцето е најсилно и со најголема концентрација на УВБ зраци, а тоа е воедно и најдобар начин да се подобри концентрациата на Витамин Д3 во организмот како и најдобра  заштита од меланом.

Како да се добие вистинската информација дали има доволно УВБ зраци?

Првиот чекор е да се одреди географската ширина и географската должина на локацијата.

Северно од 52° географска ширина (Лондон, Берлин), човековото тело во текот на зимата не може да создава Витамин Д за разлика од локациите подолу од 37-мата паралела (Лос Ангелес, Сицилија) каде што е можна доволна биосинтеза на Витамин Д во текот на целата година. Колку подалеку живеете од Екваторот, толку подолго треба да бидете изложени на сонце за да добиете доволно Витамин Д. Скопје се наога на 41°59′47″ Н, Белград на 44° Н.

Морнарицата на САД, објави на интернет една табела за секое населено место, за да може прецизно да се пресмета и утврди времето и деновите во годината кога сонцето е околу 50°над хоризонтот. (http://www.usno.navy.mil/) University of Colorado State.

Со цел да се избегнат негативните ефекти од изложеноста на сончевите зраци, потребно е "од внатре" кожата да се подготви со исхрана богата со витамини А, Ц, Е и Б и каротеноиди кои ги има во зелениот зеленчук, капини, боровинки, јагоди, артичоки, грав, домати, бостан, суви сливи и зелен чај. Потребата за Витамин Д преку исхраната е поголема, доколку е пократка активноста“-времетраењето поминато на отворено.

Beach.healthinfo

Производството на витамин Д

За разлика од другите витамини кои треба да се конзумираат со исхраната, Витаминот Д може да се синтетизира со изложеноста на УВБ зрачењето на кожата и фото-синтетичната реакција. Ефектот на производство зависи од бројот на УВБ  фотони кои продираат во кожата.

Витаминот Д всушност претставува хормон кој е произведен во кожата по изложувањето на УВБ зраци, исто како и 7-дехидрохолестерол. Витаминот Д3 (Цхолекалциферол) преку крвта се пренесува во црниот дроб каде со хидроксилација и со помош од ензимот цитохром Р450 се претвара во калцидиол 2Р1 (25 (ОХ) Витамин Д3. Овој провитамин Д потоа во црниот дроб се конвертира - активира во хидроксивитамин Д (25 (ОХ) Д ), а во бубрегот се претвара во 1,25-дихидроксивитамин Д (1,25 (ОХ) 2 Д).

Синтезата на 7- дехидрохолестерол во кожата се намалува со возраста. За луѓе на возраст над 60 години, способноста на кожата да создава Витамин Д3, е приближно  3 пати помала во споредба со онаа на 20 годишната популација.

Не е можно „предозирање со Витаминот Д. Човековото тело самото го регулира процесот на синтеза на сончевите зраци, земајќи онолку колку што му е потребно.

vitamin d.healthinfo

 

Интересно е дека антиоксидансите ја подобруваат способноста на нашиот организам да апсорбира повеќе Витамин Д. Астаксантинот ја зголемува способноста за 200 %, а слично дејство имаат и боровинките. Иако е високо достапен, речиси 80-90 проценти од населението го немаат доволно овој витамин во организмот. Витаминот Д влијае на многу важни животни процеси. Учествува во изградбата на околу 3.000 човекови гени. Во случаи на ниско ниво на Витамин Д, кожата е бледа и без сјај.

Сончањето и медиумите

На почетокот на месец мај секоа година,започнува една систематска пропаганда на медиумите и здравствените установи, а се однесува на предупредувања од опасностите од сонцето? При тоа се негира дека: Сонцето е извор на животот, без сонцето не може ништо да опстои.

Сегашниот страв од сончевата светлина започна во 1960 година и е поврзан со меланома–рак на кожата. Опишувани се изгореници и рак на кожата кај луѓе кои поголемиот дел од работното време го поминуваат во затворени простории без присуство на сончева светлина. Телото на тој начин станува почувствително на сончевата светлина, бидејќи овие луѓе немаат доволно Витамин Д.

Со децении, инциденцата на рак на кожата постојано се зголемува - околу 25 случаи на 100.000 жители годишно. Најголем број од нив во Австралија и Нов Зеланд. Овие денови и Р. Србија објави зголемување на појава на рак на кожата. Под покровителство од фирмата Беиерсдорф (Нивеа) во Белград, на “Теразије” се вршат бесплатни прегледи на кожата. Треба да се запрашаме дали стратегијата за заштита на кожата од рак е правилна и добра ако ги прекршуваме физичките закони на сочевите светлосни зраци?

Се разбира, прекумерното сончање е штетно, но, сончевата светлина во добро дозирани количини не само што е "дозволена", туку е и корисна. За развој на рак на кожата важни се повеќе фактори: низок статус на антиоксиданси, недостаток на витални материи и минерални, преосетливост на кожата, оштетена рамнотежа на цревната флора, слаб мунолошки систем, итн. Последните истражувања докажаа дека кај луѓе со ниска изложеност на сонце постои намалено ниво на Витамин Д, а со тоа се намалува и способноста на преживување на заболените од рак на кожа. Интересно е тоа што самото избегнување на сонцето може да го зголеми ризикот од рак на кожата. Во најновата литература многу се зборува за Витамин Д парадоксот.

sunscreen.healthinfo

Советите на здравствените работници да се избегнува пладневното сонце може да го зголеми ризикот од меланом - наместо да го намали.

За да го избегнеме ракот на кожата, почнавме да се плашиме од сонцето и фанатично да се мачкаме со лосиони полни со токсични материи и непотребно големи фактори кои ја блокираат синтезата и апсорпцијата на Витаминот Д.

Многу производи за сончање содржат штетни состојки, како што се оксибензон ретинил палмитат и други токсични супстанци.  Лекарите и владините агенции со години пишуваат и зборуваат за опасностите од добивање рак на кожата, што според нив е резултат на прекумерна изложеност на сонце. Кај светската популација ова доведе до појава на генерален недостаток на Витамин Д. Сега се знае дека недостатокот на Витаминот Д е главен фактор во патологијата на многу болести. Фармацевтските компани ги користаат овие случаи на пазарот за пласман на милиони производи кои би требало да го заштитат телото од УВ зрачењето. На нивна страна застана и Светската здравствена организација, која започна со спроведување на светска кампања против сонцето и сончањето.

stop.protection.healthinfo

Кремите за сончање со СПФ (заштитни фактори), ја спречуваат синтезата на Витамин Д3 во кожата. Секако, подобра опција за заштита се средствата со минерали или природните средства (цинк оксид, титаниум диоксид, екстракт (масло) од малини, итн). СПФ заштитува само од УВБ зраците, но не и од УВА радијацијата, а тоа е всушност причината која го зголемува ризикот од рак на кожата и е одговорна за фото стареењето на кожата. СПФ 15 блокира 93% од УВБ зрачењето, а СПФ 30 блокира 97%, СПФ 50 блокира 98%, а СПФ 100 дури 99%. Кремите за сончање се апсорбираат во крвта и се директно поврзани со мноштво токсични ефекти. Кога се изложени на сонце некои креми ослободуваат штетни слободни радикали, а други се однесуват како естроген и на тој начин го нарушуваат хормоналниот систем. Некои од нив се поврзани со алергии, а некои се канцерогени и предизвикуваат рак. На 8-миот Светски Конгрес за Меланома одржан од 17ти–20ти Јули, 2013 година во Хамбург,  Проф. Др. Гарбе даде одговор во врска со кремите за заштита од сонце: „кремите делумно ја  штитат кожата од рак, а делумно го интензивираат развојот на рак на кожата”.

Факт е дека 84% од кремите за сончање се штетни по човековиот живот. Истражувањето е направено од ЕВГ, една од најголемите непрофитни организаци во САД.

Всушност, луѓето речиси преку целата година работат во затворени, климатизирани простори. Две недели годишно на море или во Охрид, а да се избегнува сонцето помеѓу 10 и 14 часот  кога УВБ зраците се најкорисни, е сигурно многу погрешен совет пропратен со недостаток на Витамин Д. Речиси не  е возможно да се добијат адекватни количини на Витамин Д само од исхраната. Витаминот Д го има во сирењата (Гауда), риба, месо и јајца. За да се внесе во телото 2000 до 3000 ИЕ Витамин Д, во текот на еден ден потребно е да се изеде 300 грама Харинга, два килограми свеж вргањ или 600 грама сардини. Потребно е дневно да се испијат повеке од 10 чаши млеко збогатено со Витамин Д, а сето тоа за во организмот да се внесе минималната доза на овој витамин.

Изложеноста на сончева светлина е единствениот сигурен начин да се добијат доволните количини на овој витамин.

sun.propaganda.healthinfo

 

Болести кои се поврзани со недостаток на Витамин Д

  • Остеопороза - Витаминот Д3 е од суштинско значење за апсорпција на калциумот и фосфорот, за зајакнување на коските и спречување на остеопороза
  • Слаб имунитет
  • Кардиоваскуларни болести
  • Зголемен крвен притисок - Научниците на Универзитетот во Единбург неодамна откриле дека сонцето преку кожата ослободува азотен моноксид во крвта кој влијаена намалување на високиот крвен притисок. Кожата содржи големи количини на нитрити и нитрати, но само нитритите се биолошки активни. Сончевата светлина предизвикува конверзија на нитрати во нитрити и азотен моноксид (НО). За оваа функциа на азотниот моноксид Ферид Мурад по потекло од Македонија доби Нобелова награда во 1998 година. Последните студии покажаа дека со оптимизирање на нивото на Витаминот Д може да се намали ЛДЛ холестеролот. Истражувањата на Универзитетот Харвард покажаа дека жените со ниско ниво на Витамин Д имале 67% поголемризик заразвој на хипертензија.
  • Депресија, шизофренија - Пациентите обично се чувствуваат подобро кога земаат Витамин Д. Една од функциите на Витаминот Д е зголемување на нивото на серотонин во мозокот, поврзани со принципот според кој дејствуваат и антидепресивите. Витаминот Д го стимулира и производството на мелатонин, хормон кој го регулира спиењето.
  • Псориаза
  • Рахитис
  • Диабетес- децата што редовно внесуваат Витамин Д (2000 единици дневно) имаат 80% помал ризик да заболат од диабетес во наредните 20 години.
  • Алцхајмерова болест - Не е случајно што 70 до 90 проценти од пациентите со Алцхајмерова болест имаат недостаток на Витамин Д. Медицинските истражуванња покажаа дека, ако се зголеми нивото на Витамин Д, настапува подобрување на когнитивна функција. Во Кембриџ е откриено дека луѓето со највисокониво на Витамин Д имаат и најдобри ментални функции.
  • Респираторен тракт - Студии спроведени во Англија и Германија покажале дека Витаминот Д значително ги намалува шансите за развој на респираторни заболувања кај децата (брохијална астма, хроничен бронхитис)
  • Витаминот Д делува со забавување на растот на абнормални клетки во кожата и го намалува локалното воспаление
  • Витаминот Д ги ублажува хроничните заболувања во устата (пародонтоза), бидејќи има антибактериски својства
  • Витаминот Д е одговорен за апсорпција на калциум и фосфор во мускулите, што се неопходни за мускулна контракција
  • Високи дози на Витамин Д3 се поврзани со низок ризик од рак на дојка, простата и други врсти на малигни заболувања

Доволни количини на витамин Д се клучни за апсорпција на калциум во организмот.

Vitamin D.food.healthinfo

Хроничниот недостатк на Витамин Д не може да се лечи преку ноќ. Тоа трае неколку месеци со изложување на сонце или со додатна суплементација. Организмот на пациенти со хронична бубрежна болест не е во состојба да произведе активна форма на Витаминот Д. Ако Витаминот Д3 се внесува парентерално, важно е дополнително да се внесува и Витамин К2. Биолошката улога на Витаминот К2 е да помогне во движењето на калциум во коските и забите. Исто така помага да се исфрли калциумот од области каде што не треба да биде (артериите и меките ткива).

Не постои лек, ниту оперативна техника, која има толку голема моќ на лекување како природната сончева светлина.

Тест за ниво на витамин Д 25 хидрокси Д

Дефицит Оптимално Терапија за рак и срцеви заболувања Вишок
< 50 ng/ml 60-70 ng/ml ng/ml >100 ng/ml

Помножете ги нг/мл со 2,5 за да ги конвертирате вредностите во нмол/литр.

Според ДГЕ, се смета дека постои недостаток на Витамин Д, кога нивото на 25-ОХ витамин Д во крвта е под 20нг/мл. Идеални вредности се 30-60нг/мл, уште подобро 40-60нг/мл, а кај вредности помали од 20 нг/мл се смета дека постои сериозен недостаток на Витамин Д. Вредности повисоки од 150 нг/мл се сметаат за интоксикација.

Дневни потребиза Витамин Д3                                                                       

Професор Шпиц од Германиа препорачува околу 4000 ИЕ витамин Д3 на ден (за лица со нормална тежина). ДГЕ - Германското друштво за исхрана препорачува 800 ИЕ Витамин Д3 дневно за ворасни.

Др. Јохн Цаннелл, директор на „Витамин Д Кансил, за здрави деца под возраст од една година препорачува, дневна доза Витамин Д3 од 1000 ИЕ. Тоа е околу 25 микрограми, односно пет пати повеќе од она пто го препорачува РДАДеца на возраст над една година, треба да земат 1.000 ИЕ Витамин Д3 на 12 кг телесна тежина. Препорачаната доза ВитаминД3 за возрасни е 5000 ИЕ. Тоа се 125 микрограми, односно 25 пати повеќе од вредноста препорачана од РДА.  Како совесен лекар д-р Јохн Цаннелл препорачува тестирањена ВитаминотД3 во крвта: 2 месеци по започнувањето на терапијата треба да се мери нивото на Витамин Д3 со тест 25-ОХВитаминот Д треба да биде помеѓу 50 и 80 нг/мл.

Од друга страна Проф д-р Холик препорачува: кај деца (1-12 години) 1000-2000 ИЕза деца над 13 години 1500-2000 ИЕ (дебелите деца повисоки дози)возрасни 3000-6000 ИЕ ВитаминД3.

Повеќето студии покужуваат дека само преку храната во нашиот организам дневно внесуваме само 120-180 ИЕ Витамин Д. Последните истражувања кај возрасни покажаа дека за да се постигне повисоко ниво од 40 нг/мл во серум, потребна е парентерална доза од околу 8.000 ИЕ Витамин Д3 дневно.

Извори:

https://www.google.de/webhp?rls=ig&gws_rd=ssl#q=beste+zeit+zum+sonnen+prof+Spitz

http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2012/09/29/sun-exposure-vitamin-d-production-benefits.aspx

http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2008/09/04/when-should-you-go-out-in-the-sun.aspx

http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2011/06/16/sun-can-protect-you-against-skin-cancer.aspx

http://keyopinions.info/uploads/media/ConferenceKOM_2-2013_web_01.pdf

Juzeniene A Moan J (Dermato EndocrinologyVolume 4, Issue 2 , 2012) 

Arash Hossein-Nezhad, MD, PhD

Michael F. Holick, PhD, MD Boston University Medical Center

www.heilkraft-d.de/laboranalyse.html

http://lpi.oregonstate.edu/infocenter/vitamins/vitaminD/

Heaney RP, Armas LA, Basal Vitamin D, J Nutr. 2013 20. März.

Vitamin D Counncil

Dr.med. dr.sc Boris Bang-Vojdanovski

Мај 2016

Коментари  

0 # Vera 2016-06-15 09:39
"ko se sunca krije bolje da ga nije"
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg