modnatochka.kh.ua

Суплементи кои мажите никогаш не би требло да ги употребуваат

supplements

Мажите кои се надеваат дека суплементите можеби ќе спречат некаква болест или пак дека ќе ги подобрат нивните перформанси во спалната соба, треба да бидат особено внимателни со овие суплементи.

Бета-каротин и витамин А: Опасен се за пушачите

beta carotene

Бета-каротинот е антиоксиданс кој е одговорен за црвено-портокаловата боја и се наоѓа во морковите, слатките компири и дињата. Организмот го претвора бета-каротинот во витамин А кој е растворлив во масти, а овој витамин ги штити клетките од оштетување и е неопходен за очите, имуниот систем и здравјето на кожата.

Ова е одличен пример на нутритиент кој во 1960-тите и 1970-тите беше темелно истражуван во студии спроведени на животни, па дури и во некои студии и истражувања спроведени на луѓе, при што беше донесен заклучок дека поголеми дози бета-каротин резултираат со помал ризик од рак..

Сепак, овие истражувања и тестирања на индивидуални бета-каротин суплементи даваат и прилично убедливи докази дека потенцијалните придобивки и не се баш такви како што се прикажуваат, вели Д-р Сесо – професор на медицинскиот факултет во Бостон.

Селен: Зголемен ризик од рак на простата

selenium 

Селенот во трагови обично се внесува во доволна количина од леб, житарици, месо, живина и риби. Тоа е уште еден антиоксиданс, кој е испитуван во високи дози за да се утврди дали може да заштити против некои хронични заболувања и рак. Сепак, испитувањето што беше направено пред неколку години со цел да се спречат рецидиви на ракот на кожата, „всушност покажа дека ризикот за повторна појава на рак на кожата е зголемен", вели Д-р Алан Кристал од факултет за јавно здравство при истражувачкиот центар за рак во Сиетл.

Понатамошните анализи заедно со најголемата студија направена до ден денес, каде што се тестирани ефектите на селен и витаминот Е за превенција на ракот на простата, требаа да потврдат намален ризик за рак на простата, но за жал не беше докажана никаква корист од ефектите на употребата на селен и витамин Е, вели Д-р Кристал, еден од авторите на студијата. Најновите анализи дури укажаа и на зголемен ризик од рак на простатата кај некои мажи.

Според Д-р Сесо, не се добиени никакви релевантни резултати или причини за да се користи селен заради спречување на рак на простата или на било каков друг вид на рак.

Д-р Кристал се согласува со ова и додава: "Зошто да употребувате суплементи со селен, ако тоа воопшто не ви помага?"

Витамин Е: Нема никакво влијание врз срцето и не го намалува ризикот од рак

vitamin e

Витаминот Е е антиоксиданс растворлив во масти кој го има во ореви, семки, и растителни масла. Направени се опширни испитувања за улогата на овој витамин во севкупната превенција на болести. Обемните истражувања кои се направени "наведуваат на фактот дека витаминот Е не го намалува само ризикот од рак, туку исто така, го намалува и ризикот од кардиоваскуларни болести", вели Д-р Сесо.

Сепак, како што објасни Д-р Кристал, витаминот Е не покажа никакви бенефиции кај луѓето: „Сето тоа изгледаше добро и функционираше во епрувета, но не беше забележано апсолутно никакво влијание кога Витаминот Е беше тестиран кај луѓето." Д-р Сесо се согласува со ова мислење и вели дека најголемиот дел од испитувањата утврдиле дека нема никаква очигледна корист за луѓето од суплементите на Витамин Е.

Во Лекарската Здравствена Студија II (PHS-II), се заклучува дека витаминот Е нема никаков ефект врз ракот на простата, рече Д-р Сесо, еден од авторите на PHS-II студијата. Ако се земат предвид сите докази, јасно е дека не постојат никакви очигледни ризици при употреба на суплементи со витамин Е кога станува збор за ракот на простатата.

Сепак, Д-р Сесо советува дека нема причина да се зема овој суплемент, не заради некаков потенцијален ризик, туку заради недостатокот на бенефит.

Јохимбе: Не делува кај еректилната дисфункција

Tisana-di-Yohimbe

Екстрактот од кората на јохимбе (yohimbe), зимзелено дрво кое расте во западна Африка, е во слободна продажба без рецепт, но неговата активна состојка, јохимбин, е досттапна само со рецепт. Се тврди дека суплементите со кора од јохимбе помагаат при проблеми со еректилна дисфункција (ЕД), иако ова е потврдено со многу малку истражувања, вели Д-р Кит Д. Блум, уролог на Бејлор Медицинскиот центар во Ирвинг, Тексас.

Според Д-р Блум, суплементите како јохимбе имаат за цел да го имитираат до одреден степен, она што го прави Вијагра, Цијалис и Левитра, а тоа е да се зголеми протокот на крв, но резултатите покажуваат дека ефектите едноставно не се исти како кај споменатите лекови, а освен тоа употребата на јохимбе е и небезбедна, вели тој.

Друга работа е што јохимбе нема добра интеракција со некои од најчесто препишуваните лекови. Можни се компликации при мешање со другите лекови кои пациентите ги земаат за покачен крвен притисок, вели Блум. Исто така, може да настанат и несакани појави при мешање со друуги стимуланси и некои антидепресиви. Јохимбе воедно може да предизвика некои непријатни, па дури и ризично несакани ефекти, вклучувајќи покачен крвен притисок, забрзано чукање на срцето, вртоглавица, црвенило, гадење и главоболка.

Навистина не постои ниту една добра причина за да се зема овој суплемент, тврди Д-р Блум. "Јас не би го препорачал на никого."

Tribulus terrestris и Eurycoma longifolia: Не го зголемуваат тестостеронот

51skGdoGML

Tribulus terrestris и Eurycoma longifoliaсе цветни растенија кои содржат две од повеќето заеднички состојки кои се наоѓаат во т.н. суплементи кои го зголемуваат тестостеронот. Не се знае многу за било какви ефекти на овие билки врз нивото на тестостерон кај луѓето. Иако во некои студии кои се спроведени на животни Tribulus Terrestris може да го зголеми либидото, единствената студија спроведена врз човечки суштества покажа дека овие билки всушност не делуваат врз луѓето и не го зголемуваат тестостеронот, вели д-р Блум.

На пациентите кои се интересираат за одредени суплементи Д-р Блум најчесто им вели, дека ако суплементите беа толку ефикасни како што се тврди, би се користеле секојдневно и рутински и би се употребувале во нашата стандардна здравствена заштита.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg