modnatochka.kh.ua

Синергијата на Витамините Д и К2 со магнезиумот и калциумот

Vitamini i minerali

Биолошката  улога на Витаминот К2

Во 1980 година беше откриено дека Витаминот К е потребен за активирање на протеинот остеокалцин, кој се наоѓа во коските. Една деценија подоцна, откриен е уште еден протеин МГП (Matrix-Gla-Protein) зависен од Витаминот К.

Без Витаминот К, овој протеин останува инактивиран и не може да ги исполни неговите биолошки функции. Друг важен заклучок беше дека МГП силно инхибира калцификација. Витамините К и Д работат заедно за да се зголеми МГП  кој е одговорен за заштита на крвните садови од калцификација.

Schema1

 

Остеокалцинот, мора да биде карбоксилиран пред да може да биде ефикасен. Витаминот К делува како ко-фактор на ензимот кој го катализира остеокалцинот.

Биолошката  улога на Витаминот К2 (липосолубилен витамин) е да се потпомогне движењето на калциумот во коските и забите. Исто така помага и да се исфрли калциумот од областите каде што тој не е потребен (артериите и меките ткива).

Фракции на Витамин К:

1. Витамин К1 или phylloquinone, особено оној од зеленчуци со зелена боја; К1 оди директно во црниот дроб и помага во згрутчување на крвта.

2. Витамин К2 Menaquinone, се формира од страна на бактерии во дигестивниот тракт; К2 оди директно до зидовите на крвните садови, коските и ткивата и е со 8 до 12 пати поголема биорасположливост од другите форми на Витаминот К.

Витамин К2 се јавува во две форми:

  • МК-4 (Menaquinone-4) кој го има во путер, жолчки од јајце и храна од животинско потекло.                   
  • МК -7 (Menaquinone -7) го има во ферментираната храна.

3. Витамин К3- Menadion, е синтетички облик; опишана е појава на токсичност кај доенчиња.

Храна богаата со Витамин К е следната: Кељ, спанаḱ, раштан, брокулапрокељ.

Зголемување на концентрацијата на калциум во организмот е корисно за коските, но не е толку корисно за артериите, кои можат да калцифицираат, а Витаминот К ги штити крвните садови од оваа калцификација. Затоа од исклучителна важност е дополнително да се внесува  Витамин К2.

Витамините Д и К2 работаат синергетски со магнезиумот и калциумот, па така идеално е доколку овој квартет се зема во комбинација. За жал, повеkќето луѓ́е се дефицитарни во витамините Д3 и К2, а недостатокот на магнезиум е исто така многу честа појава. Земјите со највисока потрошувачка на калциум имаат највисоки стапки на остеопороза, а тоа се САД, Канада и Скандинавските земји. Во медицинска литература ова е познато како “калциум парадокс”.

vitamins and minerals

Идеалниот или оптималниот однос помеѓу Витаминот Д и Витаминот К2 допрва треба да биде разјаснет. Д-р Кејт Реауме-Бло  (Dr. Kate Rheaume-Bleue) автор на трудот за Витамин К2 и калциум парадоксот, сугерира внесување 150-200 микрограми Витамин К2 дневно. Не постои хипердозирање, бидејќи е потполно неотровен. Кај пациенти кои земаат лекарства (К - антагонисти), се препорачува 100 mcg Витамин К2 дневно. Реауме-Бло претпоставува дека  80% од популацијата во САД има недостаток на Витамин К2, слично како и недостаток на Витамин Д, што е причина за појава на хронични заболувања: остеопороза, срцеви заболувања, срцев и мозочен инфаркт, калцификации на коскеното ткиво (калцанеус), простата, камење во бубрезите и рак.

Во текот на изминатите 100 години, нашата исхрана и начинот на кој јадеме се драстично изменети, па така недостатокот на Витамин К2 стана многу честа појава.

Во најновите студии за Паркинсоновата болест се покажа дека оштетената митохондријална функција се подобрува со додавање на Витамин К2 и ефикасно зголемено производство на аденозин трифосфат(АТП).

Откриено е дека Витаминот К2 е неопходен за пренос на електрони во митохондриите.

Некои лекови можат да влијаат за намалување на статусот на Витаминот К2 (Journal of the American College of Cardiologyшто доведува до зголемена калцификацијата на артериите.

Корисниците на статини треба перорално да примаат ко-ензим Q10 (или ubiquinol), но тие исто така треба да го надополнат и Витаминот К2 за да се избегне кардиоваскуларен ризик.

Магнезиумот е многу поважен од калциумот. Магнезиумот му помага на калциумот да се задржи во клетката и многу подобро да ја врши својата функција.

Магнезиумот служи како храна на клетките доколку се земаат ефективни лекови наречени блокатори на калциумовите канали. Магнезиумот е ко-фактор во активирањето на над 300 различни биохемиски реакции во организмот, вклучувајки: производство на енергија, синтеза на протеини, формирање на нови клетки, активирање на Б витамини, релаксација на мускулите, функција на срцето, бубрезите, мозокот и нервниот систем. Магнезиумот, кој се внесува во телото преку храна, во желудникот преминува во магнезиум хлорид. Ова е причината зошто магнезиумот во форма на магнезиум хлорид на може директно и без било какви штетни несакани ефекти да делува во организмот.

Германското друштво за исхрана (DGE) препорачува вкупниот внес на магнезиум за возрасни да биде 300 до 400 милиграми. Магнезиумот треба да биде внесуван во организмот во доволни количини, бидејḱи организмот не може сам да произведува магнезиум.

Знаци на недостаток на магнезиум се: вкочанетост и пецкање, мускулни контракции и грчеви, напади на аритмија, коронарен спазам, губење на апетит, главоболка, гадње и повраḱање, замор и општа слабост.

Vitamini

На пазарот има голем број на магнезиум препарати:

Магнезиум глицинат,  форма на хелат со најголема абсорпција.

Магнезиум оксидповрзан со органска масна киселина, кој содржи 60% магнезиум.

Магнесиум хлорид,  содржи 12% магнезиум но има многу добра абсорпција.

Магнезиум сулфат/Магнесиум хидроксид, кој се употребува како лаксанс.

Магнезиум карбонат,  содржи 12% магнезиум.

Магнезиум таурат, содржи и амино киселина Таурин.

Магнезиум цитрат,  со лимунска киеселина.

Магнезиум треонат, кој е можеби најдобрата форма на овој минерал.

Многу е важно да се постигне вистинска рамнотежа помеǵу внесот на калциум и другите хранливи состојки, како што се: Витамин К2,ВитаминД3 и Магнезиум.

Досега не постои начин да се тестира дефицитот на витамин К2, но судејḱи по исхраната и начинот на животот, може да се одреди дали е присутен недостаток на овие хранливи материи. Дефицит на Витамин К2 е најверојатно присутен при состојби поврзани со следните заболувања: остеопороза, срцеви заболувања и диабетес.

Витамин Д3 (Cholecalciferol) дозирање*:

Старост/години Дозирање/ден
<5 20 И.Е./кг
5 -1о години 2500 И.Е.
возрастни 5000 И.Е
трудници 8000 И.Е

*препорака одВитаминД Council”

Доколку редовно се зема ВитаминД3многу е важно додатно да се зема и Витамин К2. Детоксамин (Калциум - ЕДТА) се применува додатно за чистење од тешки метали и калцификации.

Литература:

Dr.med.dr.sc. Boris Bang-Vojdanovski

Boris

Касел (Kassel), Април 2016

Подготвил: Јордан Стефановски

 

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg