modnatochka.kh.ua

Проблеми во бременоста – суплементи за ублажување на симптомите

pregnancy

Утринската мачнина која може да трае цел ден, исцрпеноста и огромен број на разни болки може да се појават во текот на бременоста, а понекогаш ниту здравата исхрана ниту вежбањето не можат да помогнат.

Иако во текот на бременоста се неопходни витамини во исхраната, сепак некои додатоци во исхраната би можеле да бидат она што навистина му е потребно на вашето тело за да се чувствувате подобро.

Пред да земете било каков додаток во исхраната, сепак, разговарајте со вашиот лекар.

Утринска мачнина

Околу 70 до 80 проценти од бремените жени чувствуваат гадење и повраќање, особено за време на првото тримесечје кога хормоните се во полна сила.

Овие проблеми би можеле да се ублажат со работи како ѓумбир или акупресура, но најпознатиот, најбезбеден и најефикасен начин е земање Витамин Б6. Се препорачува помеѓу 10 до 25 милиграми, три или четири пати на ден.

Замор

Нормално е да се чувствувате уморни бидејќи многу жени  во бременоста имаат дефицит на железо. Недостатокот на железо може да се влоши со одминувањето на бременоста, а тоа исто така тоа ја намалува и вашата енергија.

Вашиот лекар треба да ви го провери нивото на железо и да препорача одреден вид на железо што нема да ви предизвика проблеми со стомакот и запек.

Други суплементи може да вклучуваат Б витамин, магнезиум, Витамин Д, омега-3 масни киселини и јод. Јодот ја потхранува тироидната жлезда и го регулира енергетскиот систем и метаболизмот.

Киселини во желудецот

Ова е честа појава во текот на бременоста, па така до 45 проценти од жените се жалат на печење зад градната коска, проблеми со варењето и подригнување. Јадете малку, но почесто, избегнувајте обилна храна пред спиење како и зачинета и кисела храна. Сепак, ако оваа состојба продолжува, решението би било -  дигестивни ензими земани заедно со оброкот.

Запек

Хормоните во комбинација со храна која е сиромашна со зеленчук може да биде причина за констипација. Згора на се, внесувањето железо за време на бременоста може да придонесе за појава на запек.

nutritional supplements

Искуствата велат дека Витаминот Ц помага за подобрување на апсорпцијата на железо, што значи дека ќе можете да земате помали дози железо. Изборот би можел да биде магнезиум цитрат, бидејќи тој делува и како лаксатив.

Хемороиди

Запекот, растегнувањето на мускулите и притисокот од бебето врз ректумот и перинеумот може да предизвикаат хемороиди или да ја влошат постоечката состојба. Најдобар начин да се спречат хемороиди е да се јаде многу овошје и зеленчук, храна богата со растителни влакна и да се пијат доволно течности. Но, Витаминот Е може да помогне да се намалат болките, печењето и чешањето.

Болки во грбот

Болките во долниот дел на грбот, болките во мускулите и болките на лигаментите се многу чести во текот на бременоста, а еден од најдобрите додатоци кои може да ја ублажи болката е магнезиумот.

Магнезиумот е исклучително важен минерал, но речиси никој од нас преку исхраната не внесува ниту половина од препорачаната дневна доза на магнезиум.

Речиси е невозможно да се внесе доволно магнезиум само преку исхраната, бидејќи само 50 проценти од она што се внесува и се апсорбира.

Витаминот Ц ги зајакнува лигаментите и тетивите, а воедно и ја ублажува болката. Се препорачуваат 4.000 милиграми на ден во текот на првото тримесечје, а 6.000 милиграми во текот на второто тримесечје и 10.000 до 15.000 милиграми во третото тримесечје.

Грчеви во нозете

Магнезиумот е најдобар додаток и за грчевите во нозете. Други додатоци кои се ефикасни за овие тегоби се: Витамин Ц, калциум, селен и цинк. Истражувањата покажуваат дека Витаминот Е може да ве ослободи од тегобите со грчеви во нозете, но треба да се избегнуваат високи дози.

Pregnancy

Главоболки и Мигрена

Интензивната мигренозна болка, гадењето и чувствителноста на светлина и звук во текот на бременоста може да се должат на недостаток на витамини.

Всушност, истражувањата на Американското здружение за главоболки откриле дека луѓето кои страдаат од чести мигренозни напади имаат ниско ниво на витамин Д, рибофлавин (Б-2) и CoQ10.

Ниацин (витамин Б3), земен на самиот почеток на болката е еден од најефикасните начини да се заштитите од мигренозни напади, иако може да се појават црвенила и чешање.

Крварење на непцата

Непцата понекогаш можатда крварат кога се четкаат забите или кога се чистат со конец, а Витаминот Ц може да помогне оваа појава целосно да се спречи.

Ако ѕидовите на капиларите ослабнат, тие би можеле да крварат, а Витаминот Ц ги зајакнува и поврзува клетките, а со тоа го спречува и крварењето.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg