modnatochka.kh.ua

Диети и слабеење

Диети и слабеење

Debel

Дали се обидувате да ослабете 2 или 20 кгр воопшто не е важно бидејќи истите принципи  важат за тоа колку ќе ја намалите тежината и колку брзо ќе се случи посакуваното слабеење. Затоа потсетувајте се на следниве едноставни упатства и практикувајте ги,

а тоа ќе ви помогне да дојдете до посакуваната тежина без помош на било каква специјална исхрана, планирање, книги, или лекарства.

Телесната тежина на човекот се определува со количината на енергија што ја внесуваме во облик на храна и количината на енергија што ја трошиме во активностите преку целиот ден.

Енергијата се мери во калории. Ако вашата тежина останува константна, вие веројатно внесувате соодветна количина на калории кои секојдневно согоруваат. Доколку бавно, но потојано добивате на тежина со текот на времето, многу е веројатно дека бројот на калории што го внесувате е поголем од бројот на калории што го согорувате со вашите секојдневни активности.

Исто онака како што можеме да ја контролираме количината на храна што секојдневно ја внесуваме, така и внесувањето на калориите е нешто што може да се контролира. Да бидеме попрецизни, ние самите можеме да ја контролираме енергијата која ја трошиме или бројот на калории што ги согоруваме во текот на денот. Бројот на согорени калории во денот зависи од следново:

  • Нашата основна (базална) метаболички стапка ( BMR ), а тоа е бројот на калории што ги согоруваме во текот на еден час,  едноставно со тоа што сме живи и она што е потребно за одржување на основните животни функции.
  • Нашето ниво на физичка активност

Кај некои луѓе, поради генетски (наследни) фактори или други услови, BMR - стапката може да биде малку повисока или пониска од просекот.  Тежината исто така игра важна улога во одредувањето на тоа колку калории ќе согорат - колку е поголема телесната тежина, толку повеќе калории се потребни за одржување на телото во неговата актуелна состојба.  Лице кое тежи 50-60 кгр има потреба од помалку енергија (храна ) за одржување на актуелната телесна тежина од лице кое тежи  100 кгр.

Debela1

Начинот на живот, навиките и секојдневните работни активности во голем дел одредуваат колку калории се потребни дневно. Лице чија работа вклучува тешка физичка работа, секако „троши“ повеќе калории во еден ден од некој што најголемиот дел од денот го минува во седење на маса (канцелариска работа).  Лица кои работат на работни места каде што нема интензивна физичка активност, единствено со вежбање може да го зголемемат бројот на согорени калории во текот на денот.

Проценки на потребни калории

Во просек, жени на возраст од 30-50 години, кои се со нормална тежина, и кои што имаат канцелариска работа и вообичаен начин на живеење,  имаат потреба од околу 1.800 калории дневно за да ја одржат нормална тежина.

За еден маж на иста возраст, потребни се околу 2200 калории.

Доколку се практикува умерено ниво на физичка активност ( вежбање три до пет дена неделно ) потребни се околу 200 дополнителни калории дневно.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg