modnatochka.kh.ua

Путер или Маргарин – Кому повеќе да му се верува, на кравите или на хемичарите?

Cow.healthinfo

Постојат многу дезинформации на интернет кои се поврзани со исхраната.  На пример, кога ќе им се советува на луѓето да го заменат путерот со фабрички произведениот маргарин ... Путерот и маргаринот служат за иста намена. Тие се користат за готвење, печење и за мачкање на леб. Путерот е храна која постои со векови.

Се прави со издвојување на масниот дел на кравјото млеко, се додека не се претвори во финален производ ... путер, и тоа е тоа.

Маргаринот е нешто сосема друго. Тоа е високо обработена храна, кој е измислена за да го замени путерот. Примарната состојка е растително масло во кое се додадени емулгатори, бои и разни вештачки состојки.

Растителното масло на собна температура е во течна состојба. Ова е причината зошто маргаринот мора да се хидрогенизира, за да му се даде конзистентност и подолг рок на траење. Хидрогенизацијата претвара некои од растителните масла во транс масти.

Дали е путеротпреполн со заситени масти и холестерол?

Путерот е демонизиран од експертите за исхрана и од медиумите бидејќи содржи големи количини заситени масти и холестерол. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека ова всушност и не е толку важно ... и покрај пропагандата против мастите која трае со децении.

Во еден голем и сеопфатен преглед на 21 студија, кој е објавен во 2010 година, биле опфатени вкупно 347,747 учесници при што е утврдено дека нема апсолутно никаква поврзаност помеѓу заситените масти и кардиоваскуларните болести.

Puter i margarin.healthinfo

 

Внесувањето на заситени масти, всушност го подобрува профилот на мастите во крвта. Заситените масти го зголемуваат добриот (ХДЛ) холестерол и го менуваат „лошиот“ ЛДЛ холестерол во безопасен подтип која не е поврзан со срцеви заболувања. На тој начин се зголемува концентрацијата на ХДЛ ( добриот холестерол) и се менува ЛДЛ (лошиот холестерол) - од мали и густи ЛДЛ во големи ЛДЛ, што всушност е безопасно по здравјето па затоа не постои причина да се плашиме од заситените масти или холестеролот во исхраната освен ако постои некое докажано медицинско заболување или семејна хиперхолестеролемија.

Маргаринот содржи растителни масла и транс масти

Главните состојки на повеќето маргарини се растителни масла како масло од соја, шафраново масло или сл.

Растителните масла се најчесто незаситени, што всушност е проблем, бидејќи на собна температура незаситените масла се во течна состојба и не може да се користат како намази.

За да се реши овој проблем, растителните масла се подложуваат на процесот на хидрогенизација. Овој процес вклучува изложување на маслата на висока топлина, висок притисок, водороден гас и метал катализатори.

Овој процес го продолжува рокот на траење на производите и ги прави погусти на собна температура. Хидрогенизацијата прави незаситените масти да личат на заситени масти.

Хидрогенизираните масти, познати како транс масти, се високо токсични и директно се поврзани со срцевите заболувања.

Но, иако маргаринот може да биде ослободен од овие транс-масти, тоа сепак може да му штети на организмот. Маслата кои се користат за производство на маргарин сами по себе се најголеми извори на незаситени омега-6 масни киселини во исхраната, кои ние и онака премногу ги внесуваме.

margarine production

Ефектиите на храната од животинско потекло зависат од тоа што јаделе животните.

Кравите јадат трева во нивната природна средина. Но, во многу земји, тие се хранат со жито.

Путерот од крави кои се хранат со трева е многу хранлив. Тој содржи:

  • Витамин К2 - Малку е познато дека овој витамин игра улога во спречување на многу сериозни болести, вклучувајќи рак, остеопороза и срцеви заболувања.
  • Бутирати -  може да спречуваат воспаление, го подобруваатдигестивното здравје.
  • Омега-3 - путерот има помалку омега-6 и повеќе омега-3.

Треба да се истакне дека маргаринот не намалува некои фактори на ризик за срцеви заболувања, особено ако е збогатен со растителни стероли или стеноли.

Точно е дека маргаринот го намалува вкупниот ЛДЛ холестерол во краток рок, но исто така го намалува и ХДЛ (добриот) холестерол. Намалување на холестерол не мора да значи дека ќе се намали ризикот од срцеви заболувања.

Заклучок:

По сето ова се чини дека научните студии не ја поддржуваат идејата дека путерот предизвикува болести на срцето.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg