modnatochka.kh.ua

Печурките го намалуваат ПСА кај заболените од рак на простата

Shampignion.healthinfo

Кај еден од седум луѓе во текот на животот се дијагностицира рак на простатаРакот на простатата е втора водечка причина за смртност од рак кај мажите, веднаш по ракот на белите дробови.

Сепак, стапката на преживување од рак на простата е голема, под претпоставка дека за ракот се локализира во простатата. Ако ракот се прошири во другите делови на телото, преку системот на лимфни жлезди, тогаш стапката на преживување од пет години е само околу 28 %.

Проблемот кај оние кои имале рак на простата е да се спречи напредувањето бидејќи простатата продолжува да расте и невообичаено да се зголемува, а ова континуирано проширување е предуслов и причина за повторнапојава на ракот.

Со оглед на горенаведеното стратегијата за намалување на зголемената простатата би можела да биде од клучно значење.

Зголемувањето на простатата медицински се нарекува бенигна хиперплазија или БПХ, а се мери со специфичен антиген на простатата (ПСА). Тоа се протеин-ензими кои ги создаваат клетките на простатата.

Печурките делуваат за намалување на ПСА

Печурките додаваат убав вкус и хранливи материи на секоја храна. Најновите информации ни доаѓаат од Бекам Институтот за Истражување и Одделот за Медицинска Онкологија и Експериментално Лекување при Националниот Медицински Центар во Дуарте, Калифорнија. Клиничката студија покажала дека некои видови печурки го намалуваат нивото на ПСА кај мажи кои имале рак на простатата.

Печурките кои се користени во испитувањето се Agaricus bisporus - бели печурки (кај нас познати како шампињони). Ги има во секој супермаркет и се додаваат во повеќето јадења во рестораните.

Кај 36% од испитаниците е забележено намалување на нивото на ПСА во текот на три-месечен период, а кај други е забележан и "целосен одговор." Ова значи дека нивото на ПСА било толку намалено што речиси и да не можело да се детектира, а воедно бил зголемен и имунитетот.

sampinjoni

 

Ефектиите од терапијата со печурки се забележани во заклучокот од истражувањето каде што е наведено:

"Терапијата со печурки има влијание и на нивото на ПСА и на намалување на имуносупресивните фактори." Една од главните компоненти на Agaricus bisporus е конјугирана линолова киселина која е ефикасна во намалувањето на ПСА во лабораториски услови.

Со децении наназад се знаело дека Agaricus bisporus печурките го стимулираат имунолошкиот систем и ја зголемуваат концентрацијата на антиканцерогените цитокини.

Друга лабораториска студија спроведена од НационалниотУниверзитет Јанг Минг во Кина,утврди дека еден друг вид на Agaricus - Agaricus blazei Murill, кој исто така делува на спречување на растот на клетките на ракот на простата.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg