modnatochka.kh.ua

Дали е сеедно каков цимет купуваме?

cinnamon comparison.healthinfo

Циметот е еден од најстарите и најпопуларни зачини и се користи со милениуми заради неговата арома и лековити својства. Во древниот Египет се користел како средство за балсамирање за да се пополнат телесните празнини.

Во Стариот Рим се сметало дека е толку вреден што императорот Нерон изгорел еднгодишно снабдување од овој зачин на погребот на неговата сопруга како доказ за неговата љубов и посветеност.

Сите ние помеѓу зачините веројатно имаме цимет кој не е вистински цимет туку еден многу сличен зачин кој е познат како Касиа (Cassia) или "квази-цимет".

Вистинскиот цимет најчесто е обележан како "Цејлонски цимет" и се одгледува во Шри Ланка, Индија, Мадагаскар, Бразил и на Карибите. За разлика од вистинскиот цимет, Касиа (Cassia) често е деклариран како "кинески цимет" или "Сајгонски цимет" и доаѓа воглавно од Индонезија, Кина, Виетнам, Јапонија и Кореја.

Цејлонскиот цимет е поскап и потешко се наоѓа, бидејќи повеќето зачини означени како цимет се всушност неговата поевтина варијанта - Касиа. Вистинскиот цимет е посладок, има порафиниран вкус на слатка касија и е најсоодветен за ароматични десерти за разлика од неговиот поробустен „братучед“ кој е добар за солени јадења.

Покрај вкусот, најважната разлика помеѓу овие два зачини е во концентрацијата на кумарин, природна состојка која кога ќе се внесе во организмот делува како природен разредувач на крвта.

Видот Касиа има многу повисока концентрација на кумарин од вистинскиот цимет. На пациентите кои употребуваат разредувачи на крв од типот на Варфарин, често им се препорачува да го ограничат внесувањето на цимет, но ова воглавно се однесува на Касиа, а не на оној вистинскиот цимет.

И двата вида на цимет се одлични извори на Манган кој е важен активатор на ензимите и е од суштинско значење за градење на здрави коски, како и за другите физиолошки процеси, вклучувајќи го метаболизмот на јаглените хидрати и на мастите.

И двата зачини се одличен извор на диетални влакна, железо и калциум. Комбинација на калциум и влакна се смета дека помага за намалување на ризикот од рак на дебелото црево и намалување на нивото на холестерол при што се ефикасни против запек или пролив.

Cimet.healthinfo

Ова се причините за да внесувате цимет секој ден:

Го намалува шеќерот во крвта

Циметот го нормализира нивото на шеќер во крвта. Дури и помалку од половина лажичка на ден го намалува шеќерот во крвта кај дијабетес од тип 2.

Намалува холестерол

Дијабетичарите може да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести со конзумирање на еден грам (околу 1/3 лажичка) на цимет дневно. Воедно ги намалува триглицеридите за 23-30%, ЛДЛ (лошиот) холестерол од 7-27% и вкупниот холестерол од 12-26%.

Поддржува здраво згрутчување на крвта

Многу истражувања се посветени на ефектите од циметот врз крвните плочки кои придонесуваат за згрутчување на крвта. Тој помага за разредување на крвта и спречува несакано згрушување на тромбоцитите.

Уништува бактерии и габи

Циметот уште во далечното минато заради своите анти-микробиолошки особини се користи за зајакнување на имунолошкиот систем и спречување на настинки и грип. Докажано е дека го спречува растот на бактерии, габи и кандида.

Ја јакне меморијата и го штити мозокот

Гума за џвакање со вкус на цимет или само мирисот на овој сладок зачин ја подобрува активноста на мозокот. Истражувањеата покажаа дека циметот ја подобрува когнитивната обработкавниманието, меморијата и визуелно-моторните функции.

Една студија од 2011 година ја потврди улогата во намалување на хронични воспаленија, кои водат до различни невродегенеративни заболувања, како Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, тумори на мозокот и менингитис.

Го подобрува варењето на храната

Во традиционалната кинеска медицина, циметот се користи против надуеност, гадење и пролив. 

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg