Дали треба да се откажеме од солта? Колку сол е премалку, а колку е премногу?

salt.healthinfo

Добро е познато дека на организмот му е потребна солта, таа е важна за одржување на функцијата на нервите и мускулите и помага во регулирањето на телесни течности.

Сепак, голем број истражувања покажале дека конзумирање премногу сол може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања, особено кога станува збор за кардиоваскуларниот систем, хипертензија, мозочен удар и срцеви заболувања.

Разни студии и испитувања тврдат дека исхраната со премногу сол може да предизвика оштетување на црниот дроб, па и да го зголеми ризикот од Мултиплекс Склероза.

Премногу сол ја задржува водата, а тово телото, атоа е дополнителен ризик за срцето и крвните садови, го зголемува крвниот притисок и е причина за кардиоваскуларни болести.

Но,во кој момент намаленото внесување на сол престанува да помага и почнува да го попречува нашето здравје? Ова е сериозен предмет на дебата.

Всушност, некои велат дека конзумирање на сол во мали количини може дури да направи повеќе штета отколку добро.

Внесување на сол во организмот - придобивки и ризици

Според светската здравствена организација околу 90% од натриумот доаѓа од натриум хлорид, кој го има во готварската сол што често се додава на преработената храна за да се подобри вкусот.

processed.food.healthinfo

Дали препорачаните вредности за внес на сол во организмот се премногу ниски?

И покрај тековните насоки кои препорачуваат конзумирање на помалку од 2.300 мг натриум дневно, една студија објавена од страна на Medical News Today посочи дека дури 3.000 милиграми на натриум дневно може да биде премногу малa доза и може да биде ризична за здравјето на човекот. (5 грама сол = 2000 мг натриум)

Истражувачи од Универзитетот McMaster во Канада, велат дека возрасните кои консумираат помалку од 3.000 милиграми сол дневно се изложени на поголем ризик од срцев удар, мозочен удар и прерана смрт отколку оние со просечен внес на натриум.

Тимот утврди дека ризик по здравјето на луѓето од внес на преголеми количини на сол постои само кај возрасните, кои веќе имаат висок крвен притисок и се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар заради многу сол, а тоа е 6.000 мг дневно.

Иако се нагласува важноста за намалување на внес на сол кај луѓе со висок крвен притисок, сепак не се препорачува намалување на внес на сол до најниското ниво.

obzoravto.com
house-realestate.com