modnatochka.kh.ua

Дали навистина треба да се практикува диета без глутен?

gluten

Да, доколку имате потврдена целијачна болест или преголема чувствителност на глутен, состојби кои лекарите ги негирале, но сега се признаени како легитимни.

Целијакија или целијачна болест е хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен – белковина од пченица, јачмен, ‘рж и овес. Се верува дека повеќе од еден милион Европејци боледуваат од целијакија.

Ако имате целијачна болест и внесувате глутен, слузницата на тенкото црево се воспалува и се оштетува, при што вашето тело потешко апсорбира хранливи материи. Тоа може да доведе до недоволна исхранетост и губење на тежината.

Првичното дијагностицирање вклучува тестирање на крвта. Во зависност од резултатите, можно е да биде потребна и биопсија на цревата.

Доколку се сомневате дека можеби имате целијачна болест, најголемата грешка е да започнете диета без да бидете тестирани.

Тестирањето треба да се прави пред да се започне да се применува без-глутенската диета. Ако не се направат тестовите, а сепак се започне диетата, вашите антитела полека, но постепено се намалуваат и може да настане имунолошки проблем во рок од 3 до 6 месеци.

Што е всушност пречувствителност на глутен?

Тоа е состојба кога немате позитивен тест за целијачна болест, но сепак лошо реагирате на глутенот?

За разлика од целијачната болест, преголемата чувствителност на глутен не им наштетува на цревата. Не постојат адекватни медицински тестови за преголема чувствителност на глутен, па затоа треба вие да му објасните на вашиот лекар за вашите симптоми, а лекарот треба да му верува на пациентот кога тој кажува дека всушност има искусено несакани ефекти кога внесува глутен.

Луѓето со преголема чувствителност на глутен може да имаат исто така тешки симптоми како и пациентите со целијачна болест.

Покрај гастроинтестиналните симптоми, луѓето кои имаат преголема чувствителност на глутен честопати чувствуваат замор и главоболка.

gluten free

Предности на диетата без глутен

Диетите без глутен им помагаат на луѓето кои се премногу чувствителни на глутенот. Сепак, не постои доказ дека исхраната без глутен помага при овие состојби како и за намалување на тежината.

Постои заблуда дека е тоа една многу здрава диета и дека делува за намалување на телесната тежина. Тоа не е точно. Не мора да значи дека оваа диета е здрава и доколку има потреба да се спроведува, тоа мора да се направи правилно.

Ако сте на мисла да купувате без-глутенски производи, проверете дали се тие збогатени со хранливи состојки како и другите слични производи кои содржат глутен. Читајте на етикетата за да проверите присутност на јаглехидрати, масти, натриум и растителни влакна.

Без-глутенска храна исто така може да се подготвува и во домашни услови, користејќи сертифицирани зрна кои се без глутен, како на пр. гиноа, амарант или просо.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg