modnatochka.kh.ua

Цитрусните овошја му помагаат на организмот

citrus by stuartreading

Цитрусните овошја му помагаат на организмот во борбата против чиреви и рак на желудникот

Цитруси и рак на желудникот

Внесувањена само 100 гр.цитрусни овошја во денот го намалува ризикот од рак на желудник за 40 %. Но, јадењето 50 гр. на ден го намалува ризикот за 23 %, при што се намалува и ризикот од било кој тип на рак на желудникот за 13%.

Што е претставува 100 гр.  цитрусно овошје?

Во просек еден портокал тежи околу 130 гр. Ова значи дека ако изедеме само еден портокал на ден, може да се надмине потребната граница од 100 гр. на ден.

Што доколу јадете два портокали на ден?

Уште подобро. Може само да се претпостави дека зголемувањто на дозата ќе го намали ризикот од рак на желудник уште повеќе.

Цитрусите се борат против деструктивните бактерии H. pylori

Helicobacter pylori е вид на бактерија која често го напаѓа ѕидот на желудникот. Тоа често се поврзува со огромен број случаи на чир. Покрај тоа што е поврзана со појава на чиреви, H. pylori исто така, се поврзува со околу 74 % од случаите на рак на желудникот.

Поголемиот дел од луѓето имаат H. pylori во стомакот. Сепак, истражувањето има воспоставено повеќе деструктивни форми на H. pylori кои може да се појават во стомакот. Тоа се CagA-позитивни H. pylori кои се однесуваат на цитотоксин-поврзани гени.

Овој конкретен тип на H. pylori е високо отпорен на повеќето антибиотици. Ние разговараме за тоа како овој вид на H. pylori се разликува од повеќето видови кои природно живеат во нашиот организам.

Поентата е дека исхраната богата со свежи цитруси ја намалува H. pylori инфекцијата.

Истражувачите од Универзитетот во Месина Италија ја проучувале врската меѓу цитрусите, чиревите и H. pylori инфекцијата. Тука се вклучуваат и лабораториски студии за тестирање на цитрусите против H. pylori.

Видови на цитрус кои покажа успешни резултати во борбата против H. pylori, а е потврдено со повеќе студии:

  • Мандарини
  • портокали
  • цитрони
  • лимони

Ова се само видовите на цитруси кои се тестирани против H. pylori. Постојат и други цитрусни овошја кои содржат многу од соединенијата на погоре споменатите овошја.

Компонентите во цитрусите кои го инхибираат H. pylori вклучуваат neohesperidin, hesperetin, neoeriocitrin, naringin, eriodictyol, hesperetin, geranyloxyferulic acid, boropinic acid, sudachitin и demethoxysudachitin.

Покрај инхибицијата на H. pylori, истражувањето покажа дека цитрусите инхибираат и други бактерии, вклучувајќи E. coli, Pseudomonas и Salmonella.

Citrus reticulata var. nobilis

 

Истражувањето покажаа дека овие компоненти на цитрусите делуваат здружено за да го инхибираат растот на H. pylori. Дел од истражувањата, исто така, посочуваат дека цитрусите ја намалуваат ефикасноста на уреаза ензимите произведени од страна на H. pylori. Со блокирање на уреаза ензимите, цитрусите помагаат да се блокира растот на оваа бактерија.

Цитруси и чиреви

Многу студии покажаа дека цитрусни етерични масла може значително да помогнат да се спречи појавата на чиреви. Ново откритие е способноста на цитрусите "да ги хранат пробиотичките колонии во стомакот. Ова прави цитрусите да бидат ефикасен пребиотик.

Истражувачите исто така откриле дека пектин олигосахаридите кои се присутни во внатрешните лушпи на цитрусите обезбедуваат пребиотички својства.

Дали ова значи дека треба да се јаде кората?

И да и не. Кората е обично дебела околу 0,5 цм или повеќе. Таа започнува со надворешен слој во кој се наоѓа пигмент, а завршува со сегментот на плодот. Дури и кога се лупи кората сепак останува нејзин тенок слој во сегментот на овошјето.

Секако, да се јаде повеќе кора од овие овошја е добра идеја доколку се одстрани првиот слој. Корисна стратегија би можела да биде цитрусното овошје да се стави во блендер заедно со други плодови.

Свежо овошје наспроти сок од портокал

Разните растителни соединенија во свежите цитруси обезбедуваат голем број бенефити. Главни се стимулирањето на здрав стомак, инхибиција на H. pylori и спречување на раст на клетките на ракот.

Треба да се забележи дека пастеризираните цитрусни сокови не секогаш ги задржуваат истите својства како свежите цитрусни овошја. Тоа е затоа што процесот на пастеризација отстранува многу флавоноиди и други критични соединенија заради чувствителноста на топлина.

Пастеризацијата исто така, има тенденција да ја зголеми киселоста на сокот. Овие киселини всушност може да ја влошат улцеративната состојба.

Покрај се, многу од корисните состојки се содржани во пулпата и кората на цитрусите. Кај соковите најчесто се одземени овие суштински делови на овошјето за време на обработката. 

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg