ISOPRINOSINE - лек кој успешно се справува со заболувања поврзани со ХПВ-вирусот

HPV leisure

Во моментов на располагање за лекување на генитални брадавици (кондиломи) достапни се неколку видови на терапија. Тие вклучуваат употреба на кератолитици како podophyllin или трихлороцетна киселина, електрокоагулација, криотерапија, и ласерска терапија.

Резултатите не се подеднакво успешни, а особено кај пациенти со резистентни брадавици каде што постојат и докази за оштетување на посредниот клеточен имунитет (CMI). Во процесот на лекување од особено значење се хуморалните резултати и CMI, при што е забележано дека кај пациентите со резистентни вирусни брадавици со исчезнувањето на лезиите во исто време CMI резултатите се вратени во нормала. Isoprinosine е лек кој се применува орално и познато е дека има имунозасилувачко дејстви и ин витро и ин виво. Воедно се покажа дека ги нормализира претходно намалените CMI од различна етиологија и кај различни клинички состојби. Одредени видови на генитални брадавици кои во својот подоцнежен развој преминале во карцином на грлото на матката е причината која довела до потрага за поефикасно лекување на овие состојби. Клинички студии кои вклучуваат употреба на isoprinosine (сам или во комбинацијапотврдуваат дека тоа е безбеден и лесно применлив орален лек за зголемување на шансите за целосното искоренување на кондиломатски лезии при што висок процент од пациентите се поштедени повторно да се подвргнуваат на исклучително трауматски терапии.

Една компаративна анализа на 5650 пациенти со гинеколошки заболувања поврзани со ХПВ-вирусот, собрани од 352 лекари од 33 градови на Руската Федерација, со помош на стандардизиран систем за бодување на главните клинички и лабораториски параметри (проблемите кај пациентите, лезии и PCR DNA HPV тестирање) пред и по третирање со Isoprinosineпосебно или во комбинација со рутинските методи во зависност од возраста на пациентите, ги даде следните резултати:

isoprinosine

Резултати од анализите

По 6 месеци кај нетретирани пациенти е забележано спонтано елиминирање на ХПВ во 22,6% од случаите, додека ХПВ негативни резултати се добиени кај 35,5% од случаите по вообичаените рутински третирања.

При третирање само со isoprinosine забележан е процент на исчезнување на ХПВ честичките од 54,8% од случаите, а со комбиниран третман тој процент расте до 84,2.

По примената на рутинските третмани комбинирани со isoprinosine забележан е значително намален степен на пациенти кои се жалаат на повторно појавени лезии.

Главните несакани ефекти на isoprinosine се поврзани со проблеми на дигестивниот систем кај млади пациенти како и сувост и осип на кожата кај постарите жени. Само во еден случај се регистрирани болки во зглобовите и тоа кај 2 пациенти на возраст над 46 години.

Заклучок

Комбинираниот начин на третирање кој вклучува isoprinosine во споредба само со рутинските третмани и опции покажа намалување на бројот на пациенти со заболувања и лезии поврзани со ХПВ- вирус. Можно е антивирусниот ефект на isoprinosine да биде поврзан со активирање на лимфоцитните подгрупи, кои се одговорни за имунолошката одбрана.

Healthinfo.mk 

obzoravto.com
house-realestate.com