modnatochka.kh.ua

Апчињата за контрацепција кај мажите ќе станат реалност

kontracepcija kaj mazi

Истражувачите веруваат дека се многу блиску до создавање на првото апче за контрацепција кај мажите.

Со години истражувачите се залагале за развој на апчиња за контрацепција кај мажите. Некои студии со кои се испитувал машкиот хормон тестостерон , покажале дека можат да предизвикаат неплодност во одредени дози.

 Но лекот во овие дози не фунционира кај 20 % од мажите и тоа може да предизвика несакани ефекти, вклучувајќи зголемување на телесната тежина и намалување на добриот холестерол.

Апчето би требало да биде растворливо, овозможувајќи да се употреби орално и би требало да функционира многу брзо без да влијае на сексуалниот нагон.

Тоа што е уште поважно е тоа мажите би требало да се во можност да ги користат апчињата долго , со децении, без да има никакво влијание врз спермата во случај корисниците да сакаат да започнат семејство.

Тимот предводен од професор Доктор Гунда Џорџ , од Универзитетот за Фармација во Минесота зборува за едно експериментално соединение кое е расторливо , но не може слективно да ги нападне клетките кои привремено ја инхибираат плодноста кај мажите. Ова соединение се поврзува со рецепторот за ретиноична киселина (RAR-а) , протеин вклучен во плодноста кај мажите , како и два други рецептори на ретиноичната кислеина што не се поврзани со плодноста кај мажите, што значи дека ова соединение може да предизвика несакани ефекти.

apce za kontracepcija

За овие истражувања , Џорџ и тимот развиле голем број на соединенија кои се слични во однос на хемиската структура. Сепак тие откриле дека со одредени измени на соединенијата , може да се подобри ефикасността кај апчињата за контрацепција кај мажите.

Иако постојат голем број апчиња за контрацепција кај жените , сепак тие не се соодветни за сите парови. Би било добро на некои парови да се обезбеди сигурна алтернатива, бидејќи некои жени не можат да ги употребуваат апчињата за контрацепција.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg