Земање аспирин по мини-мозочен удар помага да се спречи повторен, масивен мозочен удар

aspirin.healthinfo

По преживеан мини-мозочен удар, пациентите имаат 1.000 пати поголем ризик за мозочен удар, за разлика од другите луѓе од општата популација. Земање аспирин веднаш по мини-мозочен удар, значително го намалува ризикот од друг последователен мозочен удар, потврдуваат последните испитувања.

Новата студија вклучува податоци од околу 56.000 луѓе. Откриено е дека земање аспирин по претрпен мини-мозочен удар (транзиторен исхемичен напад или ТИАго намалува ризикот и оневозможува фатален мозочен удар во текот на следните неколку дена и неделиПроцентот на намален ризик се движи од 70 - 80 %.

Наодите ја потврдуваат ефективноста на итното лекување по претрпен мал мозочен удар, при што се покажа дека аспиринот е најважната компонента. Непосредна терапија со аспирин може значително да го намали ризикот од повторен тежок мозочен удар, вели Питер Ротвел, професор на Универзитетот во Оксфорд, Англија.

Ова откритие би требало да се однесува пред се на лекарите, кои треба веднаш да дадат аспирин доколку постои сомнеж за транзиторен исхемичен напад или мал мозочен удар, наместо да чекаат специјалистот да прави проценка и други потребни испитувања.

Д-р Ротвел додава дека резултатите од студијата би требало да се однесуваат и на јавното едуцирање на луѓето. Едукативните кампањи за јавно здравје во голема мера ги насочија луѓето да бараат медицинска помош веднаш по претрпен мозочен удар, но многу е помала веројатноста пациентите да се јават на лекар по претрпен мини-мозочен удар, а повеќето воопшто и не бараат медицинска помош. Од друга страна, некои од пациентите го одложуваат одењето на лекар за неколку дена при што се изложени на голем ризик од повторен мозочен удар.

brainstroke.healthinfo

Поттикнување на луѓето да земаат аспирин ако се сомневаат дека можеби преживеале мал мозочен удар (чувствуваат ненадеен почеток на непознати невролошки симптомиби можело да помогне да се справат со оваа состојба, особено ако итната медицинска помош е недостапна.

Наодите укажуваат на тоа дека секој пациент кој има симптоми на мозочен удар кои се влошуваат, доколку е во можност треба да земе една доза од 300 милиграми аспирин.

Во соопштението за медиумите се вели дека овие препораки се времени, бидејќи во моментов се работи на развивање нов сет на генерални клинички упатства за мозочен удар.

Симптомите на мини-мозочен удар и мозочен удар се слични и вклучуваат:

  • Вкочанетост или мускулна слабост, обично на едната страна на телото.
  • Тешкотии во зборување или разбирање на говорот.
  • Вртоглавица или губење на рамнотежата.
  • Двојно гледање или потешкотии со видот на едно или на двете очи.

Симптомите на мини-мозочен удар обично траат само неколку минути, но може да потраат и до 24 часа.

obzoravto.com
house-realestate.com