modnatochka.kh.ua

Вистината за кокаинот – какви се ефектите врз организмот?

cocaine.healthinfo

Кокаин (C17H21NO4) е психоактивна, стимулативна супстанца која ствара силна зависност. Се сретнува во вид на бел прав класифициран како дрога, што значи дека има голем потенцијал за злоупотреба, но во некои земји може да се користи од лекарите за легитимни медицински намени.

Издаден на рецепт, тој е достапен за алтернативна локална анестезија, но ретко се користи поради многуте побезбедни опции, како што се лидокаин или бензокаин.

Кокаинот се добива од кока листови и со векови се користи кај различни култури. Чистиот кокаин се извлекува од грмушката rythroxylon) кока, која главно се сретнува во земјите на Јужна АмерикаПеру, Боливија и Колумбија. Кај многу племиња во Јужна Америка, инфузии или чаеви од кока-листот се користат против тегоби предизвикани од надморската височина како и за поттикнување на енергијата.

Кокаинот најчесто се злоупотребува за шмркање, пушење или инектирање.

Кога кокаинот се вшмркува, тој се абсорбира во крвотокот низ носното ткиво. Ефектот, со шмркање може да трае 15 до 30 минути, но е делува толку брзо како со пушење или инјектирање. Пушењето или инјектирањето кокаин може да има брз и поинтензивен ефект, но ефектот трае само 5 до 10 минути

nasal septum

Ефекти од употребата на кокаинот

Ефектот на кокаинот се опишува како еуфоричност со зголемена енергија, намалување на заморот и зголемена ментална енергија. Корисниците можат да бидат зборлести, отворени и комуникативни, може да имаат намален апетит или намалена потреба за спиење. Психоактивните, пријатни ефекти на кокаинот се краткотрајни.

Ефектот на кокаинот се формира во регионот на средниот мозок наречен вентрална тегментална регија. Студиите покажуваат дека нивото на една хемикалија во мозокот (невротрансмитер), позната како допамин се зголемува во оваа регија.

Некои корисници на кокаин пријавиле чувства на вознемиреност, раздразливост и анксиозност. Со тек на време се развива навика на ефектот, па така многу зависници велат дека не успеваат да постигнат такво задоволство како што тоа го имале при својата прва изложеност. Некои корисници ги зголемуваат дозите за интензивирање и продолжување на еуфорични ефекти што го зголемува ризикот пд предозирање.

Прекумерна употреба на кокаин и користење на високи дози, може да доведе до состојба на зголемена раздразливост, немир и параноја. Ова може да резултира со период на параноидна психоза, каде корисникот го губи контактот со реалноста и може да искуси аудитивни халуцинации.

Здравствени ризици од употреба на кокаин

Непосредните физичките ефекти од употребата на кокаинот вклучуваат стегнати крвни садови, проширени зеници, зголемена температура, зголемен број на отчукувања на срцето и зголемен крвен притисок. Здравствени компликации поврзани со употребата на кокаин вклучуваат нарушувања на срцевиот ритам, срцев удар, болки во градите и респираторна слабост, мозочни удари, напади на главоболка и гастроинтестинални компликации.

Различните начини на употребата на кокаинот може да бидат причина за голем број несакани реакции. Шмркањето кокаин може да доведе до губење на чувството за мирис, проблеми со голтањето, засипнатост и хронично течење на носот. Внесувањето кокаин може да предизвика сериозни проблеми со дебелото црево како и гангрена поради намалениот проток на крв. Лица кои инјектираат кокаин можат да доживеат тешки алергиски реакции и се изложени на зголемен ризик од ХИВ, вирусен хепатит и други крвно преносливи болести.

Злоупотребата на кокаинот може да доведе до акутни кардиоваскуларни и цереброваскуларни состојби, како срцев или мозочен удар, што може да предизвика ненадејна смрт. Смртни случаи поврзани со користење кокаин се многу чести и се резултат на срцев удар проследен со респираторен арест.

Особено загрижувачка, но исклучително ризична е интеракцијата помеѓу алкохолот и кокаинот.

Кокаинот е дрога која ствара силна зависност. Долгорочните ефекти од употребата на кокаинот може да доведе до зголемена толеранција, што значи дека за постигнување на исто ниво на задоволство потребни сеповисоки дози и почеста употреба за да се постигне ефектот од почетниот период на користење. Бидејќи кокаинот има тенденција да го намали апетитот, многу хронични корисници се воедно и потхранети.

Опции за лекување на зависност од кокаин

Интензивната злоупотреба на кокаин неизбежно води до развој на програми за лекување на зависноста од овој вид дрога. Потребни се стратегии за решавање на неуробиолошките, социјалните и медицинските аспекти на зависноста од кокаинот.

CocaPlant.healthinfo

Истражувачите, се во потрага по лекови кои ќе помогнат да се ублажи тешката потреба и желба која ја имаат луѓето кои ја лекуваат зависноста од кокаин. Во моментов се истражува безбедноста и ефикасноста на неколку лекови во лекувањето на зависноста од кокаин. Вигабатрин, модафинил, тиагабин, дисулфирам и топирамат се лекови кои даваат први позитивни резултати при контролирани клинички испитувања.

Освен лековите, потребни се и интервенции во однесувањето на зависниците - особено е важна бихевиористичка терапија која би можела да биде ефикасна. Обезбедување на оптимална комбинација на третирање и услуги за секој поединец е од клучно значење за успешен исход од борбата против ова зло на денешницата.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg